Тајната на љубовните вештини на Памела Андерсон: Овие луѓе се најдобри во кревет!

Што мислите?

Холивудската секс-бомба Памела Андерсон е веганка веќе 30 години и неуморно се бори за правата на животните, а верува и дека луѓето што не јадат месо се многу подобри во кревет

Памела Андерсон гостувала во тв-емисијата Good Morning Britain и открила на што се должат нејзините врвни љубовни вештини.

„Веганството дефинитивно влијае позитивно врз љубовните вештини. Сум го слушнала ова многу пати од други луѓе, а и самата сум веганка, па прилично сум сигурна во таа изјава и апсолутно се согласувам со тоа тврдење. Но исто така мислам дека секогаш многу добро сум се забавувала во тоа подрачје“, рекла некогашната ѕвезда на тв-серијата „Чувари на плажата“.

Холестеролот од месото, јајцата и млечните производи предизвикува затворање на артериите, го забавува протокот на крвта во сите органи, а не само во срцето, тврди Памела. Веганството може да ви го подобри целокупното здравје и да ја зголеми издржливоста во спалната соба.

„Здраво тело е секси тело, а јадењето месо не е здраво, поврзано е со болести на срцето, дијабетес, мозочен удар и дебелеење, а сите овие се главните причини за еректилна дисфункција“, објавила 53-годишната Памела на Твитер.

„Но можете да имате високо ниво холестерол дури и ако сте вегани, ако јадете погрешна храна“, коментирал водителот Морган, кој се обидел да ѝ противречи на актерката тврдејќи дека тој како вистински месојад, нема проблеми во спалната соба, но Андерсон не дозволила да се збуни, па продолжила да инсистира на предностите на растителната исхрана.

Годините ништо не ѝ можат: Памела Андерсон во секси-костим за капење (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.