Дневен хороскоп за петок: Дознајте каков ден ве очекува денес

Стрелци, можни проблеми со притисокот, Јарци, не покажувате отворен интерес за врска

Прочитајте како ќе ви изгледа последниот работен ден и подгответе се за претстојниот викенд!

ОВЕН

Работа: Ако се занимивате со приватен бизнис, одлучувате официјално да прекинете со работа поради лошата ситуација.

Љубов: Односот со брачниот партнер е стабилен, иако и вие сте фокусирани на своите проблеми,а не и на партнерот.

Здравје: Притисокот варира.

БИК

Работа: Добивате нова понуда. Не сте сигурни дали да ја прифатите, бидејќи сегашната работа ви одговара.

Љубов: Брачниот однос е стабилен. Партнерот има сериозни проблеми на кои е повеќе фокусиран, додека вие му пружате поддршка.

Здравје: Стабилно здравје.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Задоволни сте како се развива работата. Ве очекува краток службен пат на кој ќе бидете успешни.

Љубов: Брачниот партнер и натаму е во мрачна фаза за која немате нерви, па се фокусирате на дружбата со пријателите.

Здравје: Стабилно здравје.

РАК

Работа: Целосно сте демотивирани од ситуацијата на работа. Имате впечаток дека нитшо не може да напрвите за да промените нешто.

Љубов: Односот со брачниот партнер стигнал до крај. Другата страна ви предлага да се разделите.

Здравје: Психолошки сте во пад.

ЛАВ

Работа: Работата стои во место. Имате впечаток дека никогаш не сте биле во ваква криза. Сте останале без самодоверба.

Љубов: Минувате низ кризен брачен период. Ниту вие, ниту другата страна не сака да попушти и да го подобри односот.

Здравје: Ве очекуваат проблеми со бубрезите.

ДЕВИЦА

Работа: Упорни сте во решавање на проблемите, но конкретни резултати нема. Немате идеја што повеќе да направите за да ја подигнете работата.

Љубов: Раскинувате со парнтерот. Долго сте биле незадоволни од врската и сега одлучувате да завршите со тоа.

Здравје: Не сте расположени.

ТЕРЕЗИЈА

Работа: Работата нормално ви се одвива. Прилично сте креативни, така што смислувате нови планови кои ќе придонесат за подобри финансии.

Љубов: Односот со брачниот партнер е ист. Партнерот минува низ кризен период врзан за кариерата и тука ништо конкретно не може да помогнете.

Здравје: Стабилно здравје.

СКОРПИЈА

Работа: Работата стагнира и вие немате намера да вложувате напор во работата, затоа што не очекувате никакви резултати.

Љубов: Односот со брачниот партнер е стабилен. Многу ви значи неговата поддршка за вас во тешките моменти.

Здравје: Циркулацијата е лоша.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Работата нормално се одвива. Имате некои нови идеи на кои работите. Единствено сте незадоволни од финансиите.

Љубов: Емотивната врска нормално се развива. Партнерот е емотивно стабилен и врската ја гледа како перспектива.

Здравје: Можни проблеми со притисокот.

ЈАРЕЦ

Работа: Финансиската ситуација е катастрофална. Многу сте загрижени поради недостаток на пари. Фокусирани сте првенствено на подобрување на финансиите.

Љубов: Имате симпатија, но поради проблемите на други полиња, не покажувате отворен интерес за врска.

Здравје: Проблеми со притисокот.

ВОДОЛИЈА

Работа: Работата стагнира и тоа ве загрижува. На работа ве очекуваат проблеми кои не успевате да ги решите.

Љубов: Неповолен период за љубов. Односот со брачниот партнер е полн со предизвици кои никако не ги надминувате.

Здравје: Нервите се чувствителни.

РИБИ

Работа: Имате впечаток дека никогаш не сте минувале низ полош период на работа. Ве плаши можноста за добивање отказ.

Љубов: Врската минува низ тежок период и вие ја прекинувате. Тешко ви е, иако сте свесни дека крајот бил неминовен.

Здравје: Чувајте го срцето.

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.