Почнете го денот со шолја од оваа напивка и заборавете на вирусите: Утрински еликсир за јак имунитет!

Неопходен е овој период

Одлучен сојузник за здравје

Почнете го секој ден со оваа напивка и организмот ќе ви биде благодарен. Не само што ќе го зајакнете имунитетот, туку и ќе ги намалите шансите за заболување од вируси.

Сите состојки на оваа напивка имаат многу здравствени придобивки. Еве како се приготвува…

Состојки:
  • корен од ѓумбир – 1 сантиметар или малку повеќе
  • 3-4 каранфилчиња
  • половина стапче цимет
  • лимон
  • лажичка мед
  • 4 дцл вода
Приготвување:

Излупете го ѓумбирот и исечкајте го на ситни парчиња, па заедно со каранфилчето и циметот ставете го во ладна вода и почнете да го загревате до вриење.

Оставете го да се вари десетина минути, тргнете го од рингла, поклопете го и оставете го уште дваесеттина минути да отстои.

Сипете го во шолја, по желба засладете го со мед и исцедете малку лимон. Секогаш пијте ја напивката додека е врела.

Во комбинација, овие состојки имаат низа позитивни ефекти:

Ѓумбирот е познат по смирувачкото, антибактериско и антихистаминско дејство. Тој дејствува противвоспалително и ги ублажува алергиите.

Каранфилчето изобилува со егуенол кој има силно противвоспалително дејство, а богато е со витамини Ц, Б6, Е, К и со фолна киселина, а содржи и бројни минерали. Меѓу другото, поттикнува и излачување на слузта, па така ги лекува воспаленијата на усната празнина и на грлото.

Циметот изобилува со антиоксиданси и помага во случај на инфекции.

Лимонот одамна е познат како лек за речиси се’. Витаминот Ц што го содржи во изобилство го прави моќен производ.

Пробајте го и овој домашен сок кој го зајакнува имунитетот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.