Колку килограми е здраво да се изгуби за една седмица?

Како прво, треба да разликуваме две работи – колку килограми можеме да изгубиме за една седмица и колку треба.

„Ако сакате да изгубите тежина и да го избегнете„ јо-јо ефектот”, треба да изгубите од половина килограм до еден килограм секоја недела. Со оваа динамика долгорочно ќе ја одржувате ново стекната тежина. Ако изгубите килограм и половина или два килограми неделно, многу е веројатно дека наскоро ќе ги вратите назад“, објаснува Лорен Слејтон, доктор на науки за жени здравје.

Но, секој од нас е различен и врз губењето на килограмите влијаат многу фактори, па затоа не е добро да се генерализира. Еве неколку од тие фактори:

Вода

Ако брзо губите тежина, веројатно не губите масти, туку вода. Побавното губење на тежината е подобро. Тоа е знак дека телото согорува маснотии, а не дека губи вода.

Прочитајте и: Откријте како стресот влијае на нашата телесна тежина

Дефицит на калории

За да знаете точно колку калории му се потребни на вашето тело, односно ако сакате да изгубите тежина, колку е потребно да го намалите дневниот внес, најдобро е да направите биодинамичка анализа со која се утврдува колку калории губите во мирување и колку мускулна маса имате.

Приближно, треба да јадете 500 калории помалку дневно отколку што согорува вашето тело за да изгубите половина килограм неделно. Ако вклучите физичка активност, лесно ќе изгубите еден килограм неделно.

Да речеме дека во мирување согорувате околу 1300 калории (базален метаболизам) и околу 350 повеќе на вежбање, што е вкупно 1650 калории. Ако сакате да изгубиме тежина, треба да внесувате околу 1250 калории, не помалку од тоа.

Мускулна маса

Исто како со водата. Ако брзо изгубите тежина, веројатно ќе изгубите мускулна маса заедно со вода, што не е во ваш интерес. Затоа тренингот е многу важен. Зајакнувањето и градењето мускули ќе му помогнат на телото да согори повеќе калории бидејќи мускулите трошат калории, а мастите не. Подигањето на тегови ефикасно ги топи маснотиите.

Стрес

Стресот го отежнува губењето на телесна тежина бидејќи под стрес телото засилено лачи кортизол и сè што јадеме телото го претвора во маснотии и го складира во случај кога тоа ќе биде потребно (затоа што кога е под стрес, мозокот мисли дека е во опасност).

3 начини како да останете фит во самоизолација

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.