Еве како да го снижите крвниот притисок без лекови и да ги намалите анксиозноста и стресот: Научно потврдено!

Вреди да се обидете

Познатиот мит за јогата е ставен на тест

Група експерти за кардиоваскуларно здравје од универзитетот во Лондон спровеле истражување што дало неверојатни резултати.

Имено, тие на група луѓе со покачен крвен притисок и развиена анксиозност им спровеле истражување како различни физички активности влијаат врз крвниот притисок.

Најпрво, тест-групата ја упатиле на анаеробни вежби, како што се трчање, возење велосипед и аеробик, кои дале многу добри резултати. Крвниот притисок кај испитаниците по неколку недели се намалил за седум до осум проценти. Меѓутоа, не биле во можност сите старосни групи, како и поединци со специфични здравствени состојби, да издржат олку напорни типови тренинг.

Потоа, научниците одлучиле да го стават на тест митот за јогата – дали таа навистина толку добро влијае врз физичкото и менталното здравје и дали намалува анксиозност, депресија и стрес, како што и’ се припишува во бројни истражувања и сведочења на луѓе што ја практикуваат.

Група од пет луѓе практикувале јога-вежби три пати неделно, оделе на часови по јога три пати, но вежбале и секој ден дома. Пред почетокот на вежбањето, биле измерени нивните просечни вредности на крвен притисок, како и нивото на анксиозност и стрес, по пат на специјално прилагодени тестови. Истото било направено и три недели по активното вежбање јога и резултатите биле неверојатни.

Имено, крвниот притисок кај четворица од петмина испитаници се намалил за 10 проценти, додека кај една испитаничка од 69 години, таа бројка изнесувала дури 12 проценти. Исто така, сите учесници во истражувањето покажале значително подобри резултати на психолошките тестови кои го мерат нивото на анксиозност и стрес.

Па така, возможно е по само три недели вежбање јога, без употреба на какви било лекови, значајно да се намали вредноста на крвниот притисок и да се подобри општата крадиоваскуларна и психичка состојба на организмот.

Вреди да се обидете, зар не?

Сите ги зборуваат само за високиот, но дали знаете кои се опасностите од нискиот крвен притисок?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.