Овие намирници ќе ви помогнат да ја победите подуеноста од храна

По јадење имате чувство дека отекувате?

Намалете го количеството сол во исхраната и јадете многу овошје и зеленчук, кои овозможуваат оптимална хидрираност на организмот.

Портокали и лубеница Текстот продолжува по огласот…

Со оглед на тоа што водата ги елиминира отровите и вишокот течности од организмот, најдобро е секојдневно да консумирате намирници со висока содржина на вода, пред сè, лубеница и портокали. Лубеницата содржи 92% вода, додека во портокалите има од 80 до 90%.

Јогурт

Не само што оваа млечна напивка содржи многу вода, туку и стимулира размножување корисни бактерии во цревата. Оваа бактериска флора е одговорна за намалување на вишокот гасови кои се акумулираат во дигестивниот систем.

Овесна каша

Растителните влакна спречуваат појава на опстипација, која е најчестиот причинител за дуење на стомакот. Овој вид топли или студени цереалии (студено или топло млеко и јогурт) во желудникот создава волуменозна маса што полесно и побрзо поминува низ цревата. Со оглед на тоа дека на жените им се потребни најмалку 25 г растителни влакна на ден, консумирањето на овие житарки со барем 5 г растителни влакна овозможува остварување на таа цел.

Грејпфрут

И во грејпфрутот има многу вода (90%), поради што треба да биде чест избор во исхраната. Освен вода, овој агрум содржи и ензими што согоруваат масти.

Зелена салата и спанаќ

Зелениот листен зеленчук, вклучувајќи ги кељот и блитвата, треба редовно да се консумираат поради високиот процент на растителни влакна, витамини и минерали. Оваа група намирници го олеснува варењето, го намалува количеството на желудочна киселина, спречува опстипација и ги ублажува уринарните инфекции.

Краставица

Иако овој вид зеленчук нема особена хранлива вредност, таа е одличен природен диуретик, кој стимулира уринирање, а со тоа го забрзува исфрлувањето на штетните материи од организмот. Освен тоа, краставицата е богата со сумпор и со материи што ги стимулираат бубрезите на поефикасно исфрлување на мочната киселина. Со оглед на тоа дека се нискокалорични и не содржат сол, често се една од главните компоненти на многу диети.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.