У&З прашалник: Александар и Дац ни откриваат каква улога има љубовта во нивниот живот

Ја славиме љубовта

Дознаваме како Александар и Дац ја доживуваат љубовта…

Љубовта како вечна инспирација, мисла водилка, поттик и смисла за живот… Иако за неа се зборува и пишува со векови, и ден-денес останува неисцрпна тема за дискусија и филозофија. Ги прашавме музичарот  Александар Митевски и актерот Драган Спасов-Дац како тие ја доживуваат љубовта и каква улога има таа во нивниот живот…

ЉУБОВТА МЕ ПРАВИ ПОДОБАР ЧОВЕК

АЛЕКСАНДАР МИТЕВСКИ, музичар

ЉУБОВТА Е… длабоко посветување и спојување со некого.

СРОДНИ ДУШИ СЕ… многу повеќе од „идеални партнери“. Вашата сродна душа може да игра каква било ролја во вашиот живот: љубовник, партнер, пријател, член на семејство.

ИДЕАЛНАТА ВРСКА… треба да се заснова на потполна блискост и посветеност, надеж и страст, желба што може да варира, но никогаш нема да згасне. Идеалната врска е долга трка во која двете души никогаш не смеат да потклекнат пред предизвиците на врската.

ЉУБОВТА ИСЧЕЗНУВА АКО… исчезне блискоста. Кога љубовта ќе се претвори во рутина и навика, таа со сигурност бледнее.

ЗА ЉУБОВТА НАУЧИВ… дека треба да се бориш. Тоа подразбира многу жртви, откажувања, разбирање, внимание. Тоа е тивка борба и не се случува прекуноќ. Затоа е многу битно да се бориш додека не е предоцна.

СКРШЕНО СРЦЕ СЕ ЛЕКУВА СО… работење на себе. Си дозволувате одредено „време за тагување“,кое ќе доведе до емотивно зацелување. Некои велат дека времето лечи скршено срце. Јас сум лекувал скршено срце преку песните и стиховите што сум ги пишувал.

ЉУБОВТА ПРАВИ ДА БИДАМ… подобар човек.

СКРШЕНО СРЦЕ СЕ ЛЕКУВА СО МНОГУ ЉУБОВ

ДРАГАН СПАСОВ-ДАЦ, актер

ЉУБОВТА Е… иако секој човек има своја дефиниција за љубовта, на крајот таа се сведува на истото: треперења во стомакот и изразена потреба да ја помирисаш својата љубов.

СРОДНИ ДУШИ СЕ… оние што се разбираат со поглед, кои во ист момент изговараат ист збор, оние што дишат заедно.

ИДЕАЛНАТА ВРСКА Е… полна со разбирање, љубов во неограничени количества и разумни компромиси.

ЉУБОВТА ИСЧЕЗНУВА АКО… недостига нешто од горенаведените компоненти на идеалната врска.

ЗА ЉУБОВТА НАУЧИВ… многу од мојата сопруга Весна. Таа ми отвори некои порти што не ги познавав дотогаш. Немав почувствувано таква љубов додека не ја запознав неа. Научив и дека љубовта кон себе нема врска со љубовта кон друг човек, но одлично влијае, затоа што те поттикнува да мислиш на својот изглед и подобро да се однесуваш.

СКРШЕНО СРЦЕ СЕ ЛЕКУВА СО… огромно количество љубов.

ЉУБОВТА ПРАВИ ДА БИДАМ… помлад, полетен, весел, продуктивен и, најважно од сè, сакан!

Каква е улогата на љубовта во вашиот живот? Пишете ни во коментари!

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

Забавна математика: Кога пристигнува вистинската љубов?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.