Намирници и напивки што го чуваат здравјето на црниот дроб: Ако ги вклучите во исхраната, нема да имате причина за грижа!

Јадете и не грижете се!

Состојбата на црниот дроб може да се подобри со оваа храна и пијалаци

Црниот дроб е многу посебен орган. Тој ја прочистува крвта и така нѐ ослободува од штетните хемикалии.

Неговата моќ лежи во тоа што дури и кога е оштетен, можете во целост да се обнови.

Црниот дроб одлично ги претвора токсините во отпадни вода, ги метаболизира хранливите материи и лековите, за да може телото да ги искористи.

Но без оглед на тие предности, мора да се грижиме за нашиот црн дроб, за тој да може здраво да функционира…

Кафе

Докажано е дека кафето го штити црниот дроб, дури и кога имате проблеми со него. Омилената напивка го намалува ризикот од цироза и рак на црниот дроб, а помага и за воспаленија. Го спречува насобирањето масни клетки, што е еден од показателите за заболен црн дроб. Најголеми придобивки од кафето имаат оние луѓе што консумираат најмалку три шолји кафе.

Зелен чај

Зелениот чај, исто така, е поврзан со здравјето на црниот дроб. Се препорачува да се пијат пет-десет шолји зелен чај неделно. Сепак, немојте да додавате концентрирани додатоци во чајот, бидејќи тие можат лошо да влијаат врз црниот дроб.

Грејпфрут

Грејпфрутот е полн со антиоксиданси, поради што е одличен за црниот дроб. Двата главни антиоксиданси – нарингенин и нарингин помагаат за намалување на воспалението. Исто така, ги намалуваат маснотиите во црниот дроб.

Боровинки и брусница

Боровинките и брусницата се богати со антиоксидансот – антоцијаним. Покрај тоа што тој им дава различна боја на бобинките, овој антиоксиданс го чува здравјето на црниот дроб. Секојдневното консумирање боровинки и брусница, три-четири недели, се покажало дека го штити црниот дроб.

Грозје

Грозјето, особено црвените сорти, содржат неколку корисни растителни соединенија, како што е ресвератролот кој го штити црниот дроб, намалувајќи ги воспаленијата и го штити од оштетувања предизвикани од слободни радикали.

Освен тоа, се верува дека со редовно консумирање на овие овошки, се намалува ризикот од појава на рак. Истражувањата покажале дека секојдневното консумирање екстракт од семки од грозје во период од три месеца, ја подобрува функцијата на црниот дроб.

Источен метод на чистење црн дроб: Секое утро 30 дена пијте чаша сварена вода во ОВА време!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.