Ако оваа фотографија ве збунува, прочитајте го остатокот од текстот! (ФОТО)

Неверојатно!

Дана очекува дете, но не е таа бремена!

Трансродовата манекенка Дана Султана се родила како маж, но се идентификува како жена. Во брак е со Естебан Ландрау, кој се родил како жена. Парот е во слатко исчекување, бидејќи Естебан е во осмиот месец од бременоста!

https://www.instagram.com/p/CAlYQ57Jg23/?utm_source=ig_embed

Обајцата ги задржале половите органи со кои се родиле, па го зачнале бебето по природен пат.

Љубов си е љубов“, вели Дана.

https://www.instagram.com/p/B_5LRGqpZVr/?utm_source=ig_embed

Естебан неодамна имал силни труднички болки, па отишол во болница мислејќи дека ќе го роди детето порано, но во болницата го увериле дека тоа е нормално и дека сѐ уште не му дошол терминот за породување. Идните родители не можат да го дочекаат денот кога семејството ќе им се зголеми за еден член.

Во нивното семејство пристигнува момче, а парот одлучил да го крсти Ариел.

Ова е прекрасно, им давате надеж на илјадници трансродови лица“, им пишуваат обожавателите на социјалните мрежи.

Дана ја следат 220.000 луѓе на Инстаграм, а со нив редовно ги споделува моментите од приватниот живот и ги известува за бременоста на Естебан.

https://www.instagram.com/p/B_vZUUmp8wn/?utm_source=ig_embed

Неодамна објавила фотографија на која клечи и го бакнува трудничкиот стомак на сопругот. Нејзините следбеници се полни со поддршка.

Беше машко, а сега Кејтлин Џенер се жени со 47 години помладата свршеница
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.