Сусамот лечи сѐ – од тромб до паразити и рак: Рецепт за секоја болка!

Лековито семе

Вкусен и многу значаен додаток во исхраната

Семето од сусам содржи најголема концентрација на фитостерол, состојка што личи на холестерол според хемиската структура.

Фитостеролите имаат моќ, доколку се доволно присутни во исхраната, да го намалат нивото на холестерол во крвта, да го подобрат имунитетот и да го намалат ризикот од појава на одредени форми на карцином. Инаку, семките се еден од најкорисните додатоци во исхраната додека сусамовото масло се смета за исклучително квалитетно, па често се користи како замена за маслиново.

Маслото од сусам претставува добра превенција против создавање тромб, односно крвни згрутчувања, но и против долготрајна констипација и нередовна столица. Се препорачува и за отстранување цревни паразити, за прочистување на цревата, како и за лекување хемороиди проследени со болки и крвавење. Во народната медицина го користат и за санирање повреди, акни, чирови, брадавици и изгореници.

Сусамот е исклучително богат со железо, па доволно е да внесете 50 г од ова семе за да ја задоволите дневната човечка потреба за овој минерал. Освен железо, во големи количини се присутни и калциум, манган, бакар, магнезиум и селен. Од витамините, посебно место зазема витаминот Е, моќен антиоксиданс, кој ги штити клетките од стареење, појава на тумори и срцеви болести.

Истовремено, тој е одличен извор на тијамин Б1, пиридоксин Б6 нијацин, фолна киселина и рибофлавин. Сезаминот е уште една состојка, која е важна за заштитата на црниот дроб од оксидативни оштетувања. Заедно со сезамолинот и лигнанот, влијае врз снижувањето на холестеролот и крвниот притисок, а го зголемува нивото на витамин Е. Протеините и масните омега 6 киселини се, исто така, важни состојки за сочувување на здравјето.

Истражувањата покажале дека сусамот е делотворен и против воспаленија и болки од ревматоиден артритис, како и астматични напади. Иако е тежок за осетливи стомаци, сепак, треба повремено да се консумира сусам, бидејќи е совршен прочистувач на органите за варење. Секако, претходно треба малку да се обработи термички, односно да се препече или пропржи на тивок оган.

Сусам за потенција

Во земјите во кои се одгледува, сусамот има репутација на силен афродизијак. На база на ова семе, се приготвуваат напивки за потенција. За да се добие напивката, треба да се измешаат семе од сусам и мак во исти количини и во таа мешавина да се додаде мала количина на семе од коприва, кромид и морков, како и лажица шеќер. Сите состојки се сомелуваат во прав и се промешуваат. Потоа, лажичка од смесата се раствора во чаша вино и полека се пие.

Снабдете се со калциум

Сусамот е одличен производ за оние што немаат доволно калциум во организмот. Доволно е да потопите една супена лажица од ова семе во 0,5 децилитри јогурт и да го оставите да преноќи. Наутро изедете го на празен стомак. Повторувајте ја постапката во континуитет.

Сусам за лечење хемороиди

Сомелете лажица сусамово семе и во тоа додајте две лажици вода. Сето тоа заедно мешајте го додека добиете паста и додајте лажиче путер. Сето тоа добро изматете го, а потоа намачкајте го на парче препечен леб и изедете го.

Против изгореници

Ставете две лажици семе од сусам потопени во чаша вода да вријат неколку минути. Потоа, исцедете ја содржината и оставете ја да се олади. Со памук потопен во ладен чај и во смесата треба да ги поминувате воспалените места и изгореници повеќе пати дневно.

Сѐ започнува од исхраната: Намирници кои може да го подобрат вашето расположение
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.