Еве што ќе се случи со вашиот организам ако еден месец јадете презреани банани: Чуда прават!

Дознајте

Повеќето луѓе ги одбегнуваат бананите со црни точки, но тоа е голема грешка!

За жал, многумина не се свесни за неверојатните здравствени придобивки што ги имаат бананите.

Бананите содржат калиум, витамин А, витамин Б, витамин Ц, јаглехидрати, диететски влакна, протеини и железо. Шеќерите што ги има во бананите се природни. Глукозата, фруктозата и сахарозата се добри шеќери за консумирање. Исто така, содржат и значајно ниво на допамин и катехин, кои дејствуваат како антиоксиданси.

Еве како тие влијаат врз организмот:

Го снижуваат крвниот притисок

Калиумот е познат по својата способност за снижување на крвниот притисок. Тоа го прави така што го урамнотежува ефектот на солта. На телото му треба рамнотежа помеѓу натриумот и калиумот, за да биде крвниот притисок на здраво ниво.

Го штитат срцето

Влакната, калиумот, витаминот Ц и витаминот Б6 што се содржат во бананите се одлични за здравјето на срцето. Консумацијата на калиум од 4.069 мг дневно е директно поврзана со 49% помал ризик од исхемиски болести на срцето во споредба со оние што консумирале само околу 1.000 мг. Бананите исто така ги намалуваат шансите за мозочен удар. Бидејќи бананите се добар извор на влакна, калиум и витамин Ц, одличен избор на храна се за оние со дијабетес. Се покажало дека диетите богати со влакна го подобруваат нивото на инсулин, што ги прави бананите одличен избор. Меѓутоа, треба да се земат предвид и јаглехидратите што се содржат во бананите.

Го подобруваат варењето

Бананите имаат способност за борба против ждригавица, дијареја и констипација. Тоа е така затоа што се лесни за варење. Меѓутоа, исто така треба да се напомене дека 1% од оние што страдаат од рефлукс на киселина, сметаат дека бананите го влошуваат проблемот. Не му одговараат секому.

Го подобруваат расположението и помнењето

Бананите се можеби најсовршената храна за мозокот. Снабдувајќи го мозокот со хранливи материи неопходни за правилно невролошко функционирање, бананите му помагаат на мозокот да го регулира расположението и апетот, а истовремено поддржуваат важни когнитивни функции, како што се фокусот и помнењето.

За оние кои сакаат банани: 9 придобивки од вашето омилено овошје
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.