Внимателно: Вака правилно се стерилизираат тегли за зимница!

Бидете внимателни

За да не ви пропадне цела зимница, водете сметка за хигиената и за правилната стерилизација на теглите

Додека ја приготвувате зимницата, задолжителен чекор е стерилизацијата на стаклените амбалажи во кои ќе ги сместите ајварот, џемот и другите мачканици или киселата туршија.

Овој чекор никако не смеете да го прескокнете, бидејќи ако шишињата или теглите не бидат 100 отсто чисти, целиот труд може да ви пропадне.

Нашите баби одамна смислиле одличен начин на стерилизација на амбалажите за туршија, а што е најдобро од сè, тоа не изискува ни многу труд, ни време, ни вештина.

Првиот чекор е добро да ги измиете стаклените тегли и шишиња со детергент за садови што вообичаено го користите.

Откако ќе се процедат кратко, внимателно пребришете ги со чиста памучна кујнска крпа, која не остава влакненца.

Третиот и последен чекор е да ја загреете рерната максимум на 100 степени, да ги наредите теглите во плех, така што отворот ќе им биде свртен надолу. Оставете ги да се греат 15-20 минути.

Внимателно извадете ги од рерна (стаклото ќе биде врело) и почнете со полнење додека теглите сè уште се топли.

Некои домаќинки сакаат да бидат потполно сигурни, па претходно ги ставаат теглите во зовриена вода за да провријат малку, па дури потоа ги ставаат во рерна. На овој начин можете да го прескокнете бришењето со крпа – топлината на рерната ќе ја исуши преостанатата вода.

Совет плус: Современите домаќинки за стерилизација на садовите користат машина за садови. Некои машини имаат опција за стерилизација, а доколку немаат, тогаш секако вклучете ги теглите на програмата што ги мие садовите на температура од 70 степени Целзиусови. По миењето на теглите во машина, можете слободно да ја сипете зимницата во нив.

За дополнителна стерилизација, теглите наполнети со зимница можете повторно да ги ставите во машина за садови, па да ја вклучите на најјаката програма, односно онаа со највисока температура, но без прашок за миење садови.

Трик на домаќинки за брзо приготвување зимница: Еве како само со еден потег да ги излупите печените пиперки!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.