Најдобрите домашни маски за раст и зајакнување на ноктите!

Еве на кој начин треба да се грижите за вашите нокти!

По немилосрдната употреба на лакови и гелови, вашата плочка за нокти мора правилно да се обнови. Ќе споделиме со вас уникатни рецепти за домашни маски кои ќе ги направат вашите нокти сјајни и силни.

Маска од пчеличен восок

Потребни ви се 15-25 грама пчеличен восок кој ќе го стопите на пареа. Масирајте ги ноктите со растопениот восок со кружни движења. Друга опција е масажата со мешавина од восок, мед и природно масло. Измешајте ги сите состојки во еднакви размери. Прво растопете го восокот и додадете масло, а кога смесата малку ќе се олади – додадете мед. Нанесете ја маската секоја вечер. По 2 недели, ноктите стануваат сјајни и силни.

Маска од морска сол со јод

Растворете една лажица морска сол во чаша топла вода. Додадете 3-4 капки јод. Смесата треба да се втрие со памук на ноктите. Можете да додадете и неколку капки есенцијално масло од лимон. Оваа маска треба да ја нанесувате неколку пати на ден и вашите нокти ќе станат силни. Маската исто така ќе го забрза нивниот раст и ќе го намали лупењето на ноктите.

Маска со сок од лимон

Сокот од лимон е еден од најдобрите природни производи за нега на ослабени нокти. Сокот ги зајакнува и им дава здрав сјај. Измешајте сок од лимон со мед во еднакви размери и втријте го на ноктите. Измијте го по 20 минути. Можете да земете и парче лимон и да ги истриете ноктите. По двете постапки, на рацете треба да се нанесе мрсна хранлива крема.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.