Домашен крем од пчелин восок

Восокот од пчела секогаш бил составен дел на многу производи за нега. Бидејќи има антивоспалителни својства и омекнувачки својства, се користи во медицината, фармацијата, индустријата и за козметика.  Восокот е призвод на восочни жлезди од пчелите. Се состои од јаглеводороди, органски киселини, слободни алкохоли и флавони. Восокот од пчела содржи 11-17% јаглеводороди, 70-75% естер, 12-15% од органските масни киселини, 0.1 до 2,5% вода, каротеноиди и минерали, ароматични супстанции и адитиви (полен, прополис…). Постојат жолт и бел восок. Белиот восок се добива од жолтиот и тоа со белеење на сонце или со хемиски процеси. Во козметиката претежно се користи белиот восок.

Кожата добро го апсорбира восокот од пчела кој прави да изгледа мазна и мека. Ако сакате на кожата да и обезбедите длабинска хидратација, користете производи на база на восок од пчела или сами направете си крема.

За крем ви е потребно:

  • 20гр восок од пчела
  • 120мл растително масло (маслиново, бадемово)
  • 20мл вода
  • 20 до 30 капки етерично масло, по ваш избор

Во сад ставете го восокот и маслото и топете го на пареа. Кога ќе се стопи отстранете го од рингла и додадете ја водата капка по капка се додека не се соедини. На крај додадете  етерично масло и мешајте додека не добиете соединета смеса. Истурете ја кремата во кутија, оставете ја да се олади,  а потоа чувајте ја во фрижидер.

Ова е ноќен крем. Се нанесува навечер пред легнување на темелно исчистено лице.  Длабински ја хидрира и храни вашата кожа, а при тоа сте сигурни дека нема никакви хемикалии во препаратот што го користите.

Секогаш избирајте природна и органска козметика при негата на вашата кожа. Најдобро е ако тоа е домашно приготвена козметика.

 

фото: pixabay

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.