Направи сама: Богат, меден крем за раце

Хранливи материи

Не мора да купувате сè, можете многу да направите сами! Ви претставуваме рецепт за меден крем за раце.

– Двата најчести мотиви се зошто некој би сакал сам да направи производ за нега на кожата. Или е свесна одлука да се применат помалку хемикалии на телото или обид да се решат проблемите со кожата кога комерцијалните производи не ги поправаат, вели Керен Гилберт.

Ако сакате да се обидете да го направите вашиот прв крем, ви донесуваме едноставен рецепт што ќе одговара дури и на почетници.

Зошто го избравме медот како главна состојка. Затоа што тој:

Хидрира: Медните шеќери делуваат како природни навлажнувачи, што значи дека помагаат во задржување на влагата во кожата.

Спречува и смирува воспаленија: Медот има антибактериско и антимикробно дејство.

Регенерира: Благодарение на благата кисела вредност, ја балансира природната pH вредност на кожата и ја стимулира регенерацијата на клетките и ткивата.

Храни: Содржи клучни аминокиселини, витамини, ензими и антиоксиданти. Тие ги хранат клетките на кожата и спречуваат оштетување предизвикано од слободните радикали.

Направете си меден крем за раце

Потребно ви е:

  • 60 мл кокосово масло
  • 50 мл бадемово масло
  • 60 мл маслиново масло
  • 1 лажица шеа путер
  • 5 лажици бел пчелин восок во бисери
  • 1 ½ лажица мед
  • есенцијално масло по избор
  • тегла од 250 мл

Подготовка:

1. Ставете ги сите состојки, освен медот и есенцијалното масло, во тава и загревајте на пареа додека маслата и восокот целосно не се стопат.

2. Промешајте мед и додадете 10 капки есенцијално масло по ваш избор, а потоа веднаш истурете во тегла. Оставете да се олади на собна температура, па пробајте!

Прочитајте и: Инспирација: Маникир за Денот на вљубените (ФОТО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.