Принц Хари конечно пристигнува во Лондон, но без сопругата и синот: Меган ја откачила кралицата или нешто друго?!

Што се случува?!

Фото: Getty Images

Принц Хари пристигнува во Лондон, но со него не дошла Меган Маркл, како ни малиот Арчи и тоа само поради една причина!

Според потврдите од повеќе различни извори, на почетокот од ова лето принц Хари конечно би требало да го посети своето семејство во Лондон, но изгледа дека на тоа патување нема да му се придружи сопругата Меган Маркл, како ни нивниот син, малиот Арчи, кого членовите на семејството на таткото последен пат го виделе кога имал само шест месеци.

Доколку сè оди според планот, Хари ова лето за првпат откако ја напуштиле Велика Британија би требало да го види своето семејство. Иако плановите не се до крај финализирани и сè зависи од понатамошниот развој на пандемијата, што со себе повлекува и рестрикции за патувања, се зборува дека принц Хари (36) за Лондон ќе тргне сам.

Иако можеби би се претпоставило дека Меган Маркл не сака да го посети семејството на сопругот од приватни причини, само за да им наштети дополнително, наводно причината е за тоа е да се одбегнат непотребните дипломатски драми поради нејзиното доаѓање, односно за да не ги засени главните настани.

Парот, инаку, бил очекуван на главните настани во јуни, кои ги вклучуваат Trooping the Colour, но и прославата на стотиот роденден на принц Филип и 95-от роденден на кралицата Елизабета Втора, како и откривањето на новата статуа на принцезата Дајана во јули, во Кенсингтонската палата.

Свесни дека сето тоа би можело да предизвика вистинска медиумска бура, поради што вниманието би се пренасочило на други работи, Меган и Хари сè уште размислуваат дали е потребно и таа да биде присутна во Велика Британија.

„Сè уште сè е неизвесно, најмногу поради непредвидливата ситуација со ковидот, но се претпоставува дека војводата сам ќе тргне на пат. Тоа е нивна лична одлука, која е многу добра кога ќе се согледа целата ситуација“, рекол еден извор, додека друг додал:

„Нејзиното величество јасно даде до знаење дека Хари и Меган и понатаму се сакани членови на нејзиното семејство и дека се повеќе од добредојдени на семејните настани. Но, од друга страна, заладените односи помеѓу Хари и одредени членови на семејството, особено со брат му, се нешто што бара многу напор. Никој не сака да се повтори мисата за Комонвелтот“

Со тоа изворот, всушност, се повикал на последното службено појавување на војводата и војвотката од Сасекс во Вестминстерската опатија минатиот март, кога Хари и Вилијам едвај се погледнале еден со друг.

Хари, Меган и Арчи започнале одвоен живот од кралското семејство уште во декември 2019, и тоа прво во Канада, за потоа да останат во Калифорнија. Оттогаш, членовите на кралското семејство немале можност да го видат малиот Арчи, кој во мај ќе наполни две години, со оглед на тоа што Меган и Хари не го поведоа со себе синот во Велика Британија минатиот март, кога ги извршувале своите последни службени кралски задачи.

„Хари сака да биде во Лондон за родендените на кралицата и принцот Филип и се чини дека ќе дојде сам. Свесни се дека ако и Меган посака да дојде, сето тоа ќе го засени самиот настан. Луѓето ќе направат непотребна драма“, тврди извор близок на семејството.

Тајниот план на Меган Маркл да завладее со кралството: Вака би ја добила моќта што отсекогаш ја посакувала!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.