Слатки и неодоливи: Не сте пробале повкусни колачиња од овие чоколадни бушавци!

Одличен десерт

Совет: Кората на колачот лесно се крши, па треба пополека да се сече и премачкува

Состојки:

За кората:

  • 120 г путер
  • 100 г шеќер
  • 2 јајца
  • 120 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 1 лажица какао во прав
  • 1 прашок за печиво
  • 25 мл варено кафе
  • 80 г чоколадо за готвење

Други состојки:

  • 120 г џем од сливи
  • 300 мл млеко
  • 150 г чоколадо за готвење
  • 150 г кокос

Приготвување:

1. Прво се матат состојките за кората. Омекнатиот путер и шеќерот се матат, па се додаваат едно по едно јајцата, со непрекинато матење со миксер.

2. Посебно се поврзува екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“ со прашокот за печиво, па се додава во смесата од јајца и се миксира.

3. Чоколадото за готвење се топи, па се оладува и се додава во смесата. На крајот се додаваат какаото и кафето, па сето тоа заедно кратко се мати додека се поврзат состојките.

4. Помал плех од рерната се обложува со хартија за печење и во него се става смесата за кората. Се израмнува со шпатула и се пече на 180°Ц, околу 15 минути.

5. Печената кора се остава да се олади, па се сече наполу. Првата половина се премачкува со џемот од сливи и се преклопува со другата половина. Полнетите кори се оставаат накратко во фрижидер да се зацврстат.

6. Посебно се приготвува смесата за макање – во топло млеко се растопува чоколадото.

7. Откако колачот ќе зацврсти, се сече на коцки, па секоја коцка се мака во оладената смеса од млеко и чоколадо, а потоа се вала во кокос.

Извор: Добра храна

Одлични се за со кафе или чај: Пробајте ишлери со ореви!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.