Одлични се за со кафе или чај: Пробајте ишлери со ореви!

Превкусно!

Нема да можете да им одолеете на овие ишлери

Состојки:
  • 400 г екстра бело брашно тип 400 на „Жито лукс“
  • 160 г мелени ореви
  • 100 г шеќер во прав
  • 1 прашок за печиво
  • прстофат сол
  • 250 г маргарин
  • 2 помали јајца

За филот:

  • 1 помала тегла џем од кајсии

За декорација:

  • 50 г чоколадо за готвење
  • 2 лажици масло
  • 50 г бело чоколадо

Приготвување:

1. Во сад се мешаат екстра белото брашно тип 400 на „Жито лукс“, солта, прашокот за печиво, шеќерот во прав и маргаринот на собна температура. Со рака се соединуваат состојките, па се додаваат јајцата и се замесува тестото.

2. Се набрашнува работната масичка, па се сука тестото до 5 мм дебелина. Со помала тркалезна модла се обликуваат кругови.

3. Плех се обложува со хартија за печење, па во него се префрлаат приготвените колачиња. Се пече во загреана рерна на 180°Ц, околу 7 минути, водејќи сметка да останат светли. Се остават да се оладат на собна температура.

4. Едно оладено колаче се премачкува со џем од кајсии, па се преклопува со друго. На истиот начин, од преостанатиот материјал, се приготвуваат и другите ишлери.

5. За приготвување на декорацијата посебно се топат црното и белото чоколадо, на пареа, со по една лажица масло, па со нив се прелеваат ишлерите. Се оставаат да се зацврсти глазурата, па се послужуваат.

Извор: Добра храна

Време е за ужина! Чоко-коцки со бисквити
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.