8 знаци дека магнетски го привлекувате некого: Сигнали кои покажуваат моќна енергија помеѓу две личности!

Непогрешливи

Фото: Getty Images

Следниве знаци покажува дека го привлекувате некого како магнет!

Дали некогаш сте почувствувале магнетска привлечност со некоја личност? Тоа е момент кога сакате да ја запознаете таа личност и да ги откриете нејзините чувства, а причината за тоа е моќната енергетска рамнотежа помеѓу двајца.

Магнетската привлечност е нешто што го чувствувате и доживувате кога сте во близина на некоја личност, а интуицијата ви шепоти дека е присутна. Понекогаш не можете да побегнете од тие чувства, туку само сè повеќе и повеќе им се препуштате.

Следниве знаци покажуваат дека го привлекувате некого како магнет…

1. Помеѓу вас постои силна привлечност на потсвесно ниво

2. Имате слична енергија и луѓето во вашето опкружување ви велат дека сте создадени еден за друг.

3. Остварувате контакт со очи – тие се прозорци кон вашиот внатрешен свет за којшто сакате да дознаете повеќе.

4. Ги рушите бариерите, го отворате срцето и немате проблем да ги кажете вашите најинтимни тајни.

5. Говорот на телото покажува дека ви е пријатно со оваа личност, се однесувате слободно и онака како што сакате, без воздржување.

6. Интуицијата ви говори преку пеперутки во стомакот или треперење на целото тело. Чувството на возбуда ви порачува дека сте на вистинското место.

7. Чувствувате неверојатна среќа која не можете да ја сокриете.

8. Зборовите не се потребни – се разбирате и во апсолутна тишина.

Магнетската привлечност може да биде добар темел за врска исполнета со безусловна љубов. Поврзувањето на енергетско ниво е првиот чекор кон креирањето романтична поврзаност.

Сепак, магнетската привлечност не може да трае засекогаш, туку прераснува во љубов. Доколку не се случи тоа, ќе научите уште една важна лекција која ќе ви значи во започнувањето други врски.

Познат психолог открива: Задоволете ги овие 5 брачни потреби и нема да треба да се плашите од развод или неверство!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.