Тајниот план на Меган Маркл да завладее со кралството: Вака би ја добила моќта што отсекогаш ја посакувала!

Оружјето е во нејзини раце

Одмазда на палатата во режија на војвотката од Сасекс

Само неколку дена откако било потврдено дека планираното повторно разгледување на Мегзит, односно на принц и Хари и Меган Маркл, е откажано, наводно се подготвува нов хаос во Бакингемската палата.

Имено, како што тврди анонимен извор близок на кралското семејство, кралицата Елизабета Втора наводно подготвува приватен кризен состанок со постарите членови на семејството. А сето тоа бидејќи дознала дека војвотката од Сасекс има таен план против палатата.

И покрај тоа што на почетокот на минатата година започнале самостоен живот во Канада, анонимниот извор верува дека Меган игра двојна игра.

„Свесна е дека нивниот син Арчи е седми во редот за тронот, додека другите деца од Кембриџ не добијат свое семејство. На нејзините пријатели, прилично морничаво, им се доверила дека ‘сешто може да се случи, така што најдобро е да бидат подготвени’“, навел анонимниот извор.

Дури и кралскиот биограф Роберт Лејси, во својата најнова книга „Битка помеѓу браќа“ пишува дека „којзнае што може да се случи во доба на тероризам, напад и глобална пандемија… шестиот и седмиот може да се унапредат во трети и четврти, па дури и поблиску“, притоа мислејќи на кралската круна.

Анонимен извор изјавил дека 39-годишната Меган Маркл ќе даде сè од себе за едногодишниот Арчи да биде подготвен за улогата на крал.

„Ако се случи незамисливото и ако Арчи се врати во Англија и го исполни она што моментално не се очекува од него, Меган би била воодушевена. Би ја добила моќта што отсекогаш ја посакувала, би била мајка на крал и тоа би ѝ дало статус каков што никогаш не би можела да го постигне само како сопруга на Хари. Меган ќе се погрижи нивниот наследник да ги научи сите лекции од кралскиот бонтон во случај да одлучи да се врати“, објаснил тој.

Малиот Арчи веќе има околу себе тим од експерти за однесување на деца, од работни терапевти и физиотерапевти, до логопеди кои му помагаат да биде натпросечен помеѓу децата на негова возраст. Сега е откриено дека му читаат и англиска литература.

Наводно, Меган бара од Хари тој да му чита на својот син.

„Таа го обожава англискиот акцент и сака Арчи да го научи. Кога детето ќе порасне, Хари ќе го едуцира за британските кралеви и кралици од минатото, за кралските протоколи и традиции. Меган, всушност, не сака снобовите во палатата да го гледаат Арчи од високо ако се врати со тврд американски акцент“, додал изворот.

Кралскиот автор Фил Дампјер додал дека кралицата е згрозена од однесувањето на Меган, особено поради тоа што таа и Хари ѝ го свртеле грбот на монаргијата за холивудска слава и живот во Америка.

И покрај гласините дека одложувањето на прегледот на Мегзит било срдечна одлука помеѓу Сасекс и кралското семејство, тоа веројатно не е вистина.

„Вилијам не може да ги гледа, особено Меган. А како мајка на син со кралска крв, таа едноставно не може да биде отфрлена“, порачал изворот.

Меган Маркл со „грч во желудникот“ ги исчекува мемоарите на својата полусестра
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.