5 начини да ја вратите силата на ноктите кои се лупат и пукаат!

Еве што треба да правите за да вашите нокти бидат здрави…

Ако не можете да ги замислите вашите нокти без професионален маникир бидејќи се лупат и пукаат, можеби е време за опоравување. Ставете вето на лакот и дајте им на вашите нокти доза дополнителна нега.

Ако сте забележале дека вашите нокти слабеат, се лупат и пукаат, има неколку едноставни работи што можете да ги направите за да ја вратите цврстината на вашите нокти.

1. Нахранете ги ноктите со лак

Побарајте хранливи, транспарентни лакови за нокти кои се богати со витамин Е и минерали – ова ќе ги заштити ноктите од надворешни влијанија и ќе спречи пукање.

2. Земете масло за кутикулите

Овој производ е клучен и за спречување на пукање и лупење на ноктите. Хидратацијата на кутикулите и ноктите е од суштинско значење за силни и здрави нокти, без разлика дали им дозволувате да растат или едноставно сакате да изгледаат најдобро.

3. Најдете ја оптималната должина на ноктите

Колку се подолги ноктите, толку повеќе се склони кон кршење и пукање, така што редовното сечење и одржување на оптималната должина ја намалува веројатноста да се скршат во најнеповолниот момент.

4. Носете ракавици додека миете садови

Ноктите апсорбираат вода повеќе од кожата, што резултира со пукање, кршење и слабеење на ноктите. За да го спречите ова, носете заштитни ракавици при миење садови и други физички задачи.

5. Хидрирајте ги рацете

Кремата за раце е незаменлив козметички производ. Не само што кожата на рацете ќе изгледа негувано, туку и хидратантната крема ќе помогне кутикулите да бидат меки, а ноктите да бидат негувани и хидрирани, што го спречува нивното лупење и пукање.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.