Според експертите ова се главните причини кои го спречуваат слабеењето!

Еве зошто не можете да ослабете…

Постојат голем број фактори предизвикани од модерниот начин на живот кои можат да бидат пречка во слабеењето, а ова се дел од нив.

1. Прекумерен внес на масти

Здравиот внес на масти треба да се ограничи на 30% од вкупниот дневен внес на калории. Но, таа количина се удвојува или изнесува до две третини од дневниот внес. Имено, многумина консумираат доволно маснотии преку готвење храна со маргарин, путер и масло во салата, па секој дополнителен внес – преку месо, сирење или сладолед е претерано внесување кое резултира со зголемување на обемот на нозете, колковите и половината. .

2. Прикриена „зависност“ од шеќер

Газираните сокови, овошните јогурти, преработените производи (иако некои од нив изгледаат здрави) или секојдневното консумирање колачи исто така доведуваат до зголемување на телесната тежина бидејќи сите овие производи содржат висок процент на скриени шеќери.

3. Премалку оброци го забавуваат метаболизмот

Во постојаното брзање поради обврските, често забораваме да јадеме редовно. И додека премногу оброци може да го оневозможат слабеењето, ниту премалку не е добро затоа што мораме да јадеме пред да станеме премногу гладни за да можеме да се контролираме. Само еден оброк дневно го успорува метаболизмот и го намалува работниот капацитет.

4. Недоволен внес на течности

Чувството на глад и жед во нашиот мозок предизвикува слична реакција, па затоа се препорачува секогаш да пиете чаша вода или незасладен билен чај пред оброк. Ова ќе помогне полесно да се контролира количината на храна што ја внесуваме во организмот, но и да го подобриме варењето.

5. Здравствени проблеми кои го отежнуваат слабеењето

Исто така, факт е дека одредени лекови може да го отежнат процесот на слабеење бидејќи го зголемуваат гладот ​​или го забавуваат метаболизмот. Тоа се ситуации во кои полесно се добиваат нови вишок килограми, а потешко се ослободуваат несаканите.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.