Викторија Бекам ја открила тајната на совршената кожа: Станува збор за една многу евтина и достапна состојка!

Тајната на младешката и убавата кожа

Викторија Бекам е позната по добрите стајлинзи и беспрекорниот тен

Некогашната пејачка на поп-бендот Spice Girls, а денес успешна дизајнерка и модна икона, Викторија Бекам (46), изгледа сè подобро со текот на годините. Многумина се прашуваат како ѝ успева тоа, а таа неодамна конечно открила колку козметички производи користи дневно.

Сопругата на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам, со кого има четири деца, отворено признала дека до неодамна трошела по неколку илјади евра за сите козметички производи и третмани за дневна нега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Но Викторија открила еден многу поевтин производ од кој лицето ѝ изгледа божествено. Имено, се работи за најобичен јод.

„Јодот го забрзува зараснувањето на раните, одличен антиоксиданс е за кожата, како и препарат за отстранување лузни од мозолчиња и акни. Неизоставен препарат е во мојот дом. Многумина можеби не знаат за ова, но јодот има повеќекратна намена. Освен за медицински цели, обожавам да го користам и во мојата козметичка бјути рутина. Сигурно ќе ѝ го препорачам на ќерка ми кога ќе почнат да ја мачат проблеми со акни. Лицето ми е толку сјајно, здраво и чисто од него, а тоа не можев да го постигнам со ниеден друг препарат“, изјавила Викторија.

Следејќи го примерот на холивудските sвезди: 3 правила за секојдневна нега
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.