Ново истражување открило кога е најздраво да го испиеме утринското кафе: Пред или после појадок?

Дознајте повеќе

Лошо сте спиеле и сте се разбудиле уморни. Секако дека првото нешто што го правите е вашето утринско кафе. Но ново истражување открило дека можеби тоа и не е толку добра идеја

Имено, заклучокот на истражувачите кои работеле на ова истражување е дека консумирањето кафе пред појадок ја намалува соодветната реакција на организмот на покаченото ниво на шеќер во крвта, поради што тие препорачуваат да се пие кафе после, а не пред појадок.

Во ова научно истражување учествувале 29 здрави возрасни луѓе кои биле субјекти на три различни експерименти помеѓу кои поминало најмалку една недела.

Во првиот од нив доброволци биле замолени да спијат од 11 навечер до 7 часот наутро, а кога ќе станат да консумираат шеќерна напивка со ист број калории како типичен појадок. Во вториот експеримент, истражувачите ги буделе на секој час сред ноќ и барале од нив да им одговорат на порака. И во овој случај, доброволците добиле задача да испијат шеќерна напивка по станувањето. Третиот експеримент бил сличен на вториот, со тоа што неговите учесници морале да испијат кафе пред да консумираат шеќерна напивка.

Кога ги анализирале резултатите на овие три експеримента, истражувачите дошле до заклучок дека една непроспиена ноќ сама по себе не го нарушува функционирањето на организмот и неговата реакција на покаченото ниво на шеќер во крвта. Но тоа не важи во случајот кога луѓето го пијат утринското кафе пред појадок. Реакцијата на организмот на покаченото ниво на шеќер во крвта тогаш доцни, што секако не е добро за нас, особено ако сме имале појадок богат со јаглехидрати.

Пораката на ова истражување е јасна: Воздржете се од пиење кафе пред појадок! Еднакво ќе ви годи една шолја од оваа топла напивка и откако веќе сте јаделе, а со тоа сигурно нема да си го нарушите здравјето.

Четири шолји кафе на ден спречуваат рак на дебелото црево
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.