Следејќи го примерот на холивудските sвезди: 3 правила за секојдневна нега

Совети од експерт

Доколку сакате да постигнете моментален сјај на кожата, тогаш слушнете го советот на славната козметичарка Џоан Чех која се грижи за изгледот на Џенифер Анистон и Кристи Тарлингтон Барнс.

Едно е сигурно – нега на кожата започнува дома и пред сѐ зависи од тоа како и колку редовно ги извршуваме нашите козметички домашни задачи. Еве три основни правила за нега на кожата во домот, кои вреди да се вклучат во вашата секојдневна рутина, и кои ќе ви дадат здрав и убав сјај:

Масажа: масирајте ги мускулите како тесто

Кога станува збор за козметички третман, Чех вели дека „најважниот дел е секогаш масажа. Сè се сведува на третирање на мускулите на лицето како тесто, притискање со прстите во ткивото и истиснување. Ја стимулира циркулацијата, крвта носи кислород до вашата кожа што веднаш ја крева, создавајќи микро-оток во мускулите, благодарение на што сè што ќе нанесете подоцна ќе проникне многу полесно бидејќи кожата ќе биде загреана“. Се препорачува домашниот третман да започне со истегнување на градите, од рамо до рамо, по што треба да се масираат двете страни на ‘рбетот, колку што можете да стигнете со раката. „Кога масирам за време на третманот, почнувам од половината и се движам нагоре до коренот на черепот. Сите нерви одговорни за предниот дел на телото се наоѓаат по должината на ‘рбетот, така што ова е дел од телото што треба прво да го масираме. Ова го подготвува теренот за масажа на лицето што следи. „После тоа, масирајте го трапезниот мускул лоциран долу на задниот дел на вратот и кон рамото и надолу ‘рбетот, токму оној дел каде што обично собираме огромни количини на стрес, и преместете се на скалпот за да ги зголемите ефектите и да ги релаксирате напнатите мускули.

Деколте: започнете со нега на лицето од брадавиците

Ако во фокусот на вашата нега на кожата е само лицето, Чех верува дека многу грешите и нејзиното мото е: „Секогаш започнувај со брадавиците и завршувај на корените на косата“, што важи за сите козметички третмани на лицето, од утринско чистење до вечерна хидратација. „Многу е важно да се грижите за деколтето бидејќи во 70-80% од случаите, оваа област покажува знаци на стареење пред самото лице и всушност треба да добиете двоен третман. Покрај тоа што ќе го исчистите деколтето со иста постапка како и лицето, користете ги истите серуми, третмани и хидратантни креми за таа област како што користите за лицето.

Препарати: третирајте ја кожата како сунѓер

Во срцето на филозофијата на Џоан Чех: „Клучно е да се третира кожата како да е сунѓер. Кога ќе ја погледнете кожата под микроскоп, зголемена 10 000 пати, ќе видите масно ткиво и колагенски влакна, како и други слоеви – тоа е сунѓер. И затоа секогаш ја користам техниката на притисок и ослободување за да се осигурам дека производот влегува во кожата. Кога ќе ја нанесете формулата на кожата и ќе ја притиснете со сите четири прста, кожата се отвора микроскопски и кога ќе ја ослободите, го апсорбира она што е на површината. Без разлика дали станува збор за тонер или серум, се препорачува да го ширите производот над кожата и да го притискате полека, потоа да го ослободите, а потоа нежно да допрете со врвовите на прстите за да бидете сигурни дека сè е апсорбирано. Потоа можете да го нанесете следниот слој.

Прочитајте и: Црните точки кои изгледаат како митесери всушност можат да бидат нарушување

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.