Состојка која ги полуде сите обожаватели на нега за кожа

Треба да го вметнете во вашата рутина за нега на кожата

Постои состојка која во последно време целосно го зафати светот на нега за кожата и ги полуде сите љубители на убавината. Тоа е ниацинамид – форма на витамин Б3 што ја користат и дерматолозите и љубителите на убавината ширум светот.

Се разбира, не сме изненадени затоа што го сакаме поради многуте придобивки со кои изобилува. И тоа не е само претпоставка, туку клиничкото истражување ги покажа сите придобивки на оваа состојка – влијае на прекумерното производство на себум, истовремено заштитувајќи ја површината на кожата од оштетување. Исто така е многу важно затоа што спречува губење на вода од кожата, ја намалува нејзината сувост и непријатно чешање. Покрај тоа, ниацинамидот е добар затоа што може да помогне при појава на акни, да го намали црвенилото предизвикано од прекумерно изложување на сонце и според експертите има добро антиинфламаторно дејство. Сепак, треба да се има на ум дека ниацинамидот не може да биде замена за кремсончање, туку може да помогне само во ублажување на црвенилото.

Според козметичките експерти, ниацинамидот може да го користат луѓе со почувствителна кожа, како и оние кои немаат проблеми со тенот. Може да се вклучи во постојната рутина во кое било време, без оглед дали е наутро или навечер. Исто така, експертите споменаа интересна студија која покажа дека примената на ниацинамид пред ретинол може да ја зголеми толеранцијата на кожата. Затоа, ако сте чувствителни на ретинол, кој често се поврзува со чувствителност на кожата и црвенило, би било добра идеја претходно да користите ниацинамид. Исто така, ниацинамидот е одлична состојка за нега на кожата во пред-менструалниот период затоа што ја смирува кожата и го намалува зголеменото лачење на маснотии за време на тој период, па ако не сте го направиле тоа, набавете си го овој производ за убавина.

Прочитајте и: Грешки во шминкањето што прават да изгледате постаро: Поправете ги!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.