Диетата со чија помош Милица Павловиќ ја доведе линијата до совршенство: Вака изгуби 10 килограми за кратко време!

Диетата што ја практикува популарната пејачка Милица Павловиќ е ефикасна затоа што не мора да се откажувате од омилената храна.

На оваа диета Милица Павловиќ пристапи со лекарска консултација и за краток временски период успеа да ослабе десет килограми и да се стегне без да оди во теретана.

Бидејќи, поради бројни професионални обврски, нема време за вежбање, Милица бараше замена и се покажа дека не згреши. По совет на доктор, таа започнала да се придржува до јапонската диета со банана, со чија помош ја довела својата фигура до совршенство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

– Моите пријатели ми раскажаа за тој начин на јадење, па затоа добив информации на Интернет и им ги препорачувам на сите. Се разбира, по консултација со лекар. Ништо без тоа. Секој мора да најде што најмногу одговара на неговиот метаболизам – рече таа.

Појадок:

  • 3 банани. Со нив е дозволено само вода или чаша обезмастено млеко.

Ручек:

  • Изберете помеѓу динстан зеленчук со говедско месо, рибја чорба или интегрални тестенини со сос од домати.
  • Секој оброк е придружен со салата, зелка или зелена.
  • Можете да јадете банана помеѓу оброците, но направете пауза од 4 часа.

Вечера:

  • Пилешко, мисиркино месо на скара, зеленчук или риба.
  • Исто така салата по ваш избор.
  • Последниот оброк консумирајте го не подоцна од 20 часот, а препорачливо е да одите во кревет 4 часа подоцна.

Оваа диета трае 12 дена, а ако јадете балансирана и здрава храна, резултатите нема да изостанат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

Прочитајте и: Еве како да изгубите половина килограм дневно!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.