Селма Хаек никогаш не користела ботокс: Оваа напивка е заслужна за нејзиното лице без брчки на 56 години!

Секому му е достапна

Таа е една од ретките што не користеле процедури за подмладување, а изгледа барем 20 години помладо!

Пред неколку дена се прошетала на улиците во Лондон без грам шминка. Во таа пригода го покажала затегнатото лице, без никакви неправилности, и тоа во шестата деценија! Многумина веројатно мислат дека за нега на лицето троши огромна сума на пари. Напротив, таа секое утро пие напивка од 4 состојки што секому му се достапни.

Тајната на добриот изглед на Селма Хаек е во генетиката, внимателно осмислената рутина за нега, но и во една корисна, здрава навика. Благодарение на овој еликсир на младоста, сé уште може да им одолее на естетските зафати.

Нејзиниот домашен сок ја прави кожата блескава, а покрај тоа нуди и низа здравствени придобивки за телото и организмот.

Освен тоа, Селма секое утро ги прска лицето и вратот со ладна вода, што важи за одличен метод за долгорочна младоликост.

Ова е рецептот за сокот на холивудската убавица

Витамин Ц – Селма користи свежи портокали во својот рецепт. Тие се добар извор на витамин Ц, го зајакнуваат имунитетот и влијаат врз варењето.

Куркума – Таа додава куркума во сокот од портокал – зачин што има благотворно дејство на организмот, но и на убавината.

Црн бибер – Актерката навела дека додава малку црн бибер во сокот, бидејќи тоа му помага на телото побрзо да ја впие куркумата. Покрај тоа, овој зачин го забрзува метаболизмот.

Кучешки трн – Билка што е богат извор на витамин Ц и витамин Б12. Содржи и многу колаген, но и го поттикнува телото самото да го произведува, така што јасно е зошто има регенеративен ефект на кожата, косата и ноктите.

Селма Хаек ја открива тајната: Како да бидете фит во шестата деценија од животот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.