Основното обвинителство се огласи во врска со инцидентот во Торино: Еве, кој е нивниот коментар!

Се согласувате?

Се огласи и Основното јавно обвинителство дека до овој момент нема отворено предмет за настанот кој ја разбранува македонската јавност, а кој се однесува на евровизиската претставничка Андреа Коевска, која вчеравечер го фрли државното знаме на подот за време на фотографирањето во Торино, Италија – пишува „Слободен печат“.

До овој момент нема индиции дека во настанот имало намера државното знаме да се изложи на подбив и исмејување“ – велат од Обвинителството за „Слободен печат“.

Претходно, професорот на Правниот факултет Гордан Калајџиев, излезе со свој коментар во кој оценува дека Андреа очигледно се збунила и немала намера да го омаловажи државното знаме.

Девојката очигледно се збуни и немаше намера да го омаловажи знамето. Тоа сувенир знаменце и не е баш ‘знаме’ и повеќето го фрлаат по настанот. Ова е добра пригода да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината. Сите се јаки патриоти на прсти, а инаку ‘многу на број, малку за бој!’”, напиша професор Калајџиев на својот фејсбук-профил.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.