Наводната љубовница на Путин повторно е бремена: Еве како реагирал рускиот претседател на овие вести!

Шок!

14 години се зборува дека Алина му е љубовница на Владимир Путин, односно дека досега наводно му родила два сина

Владимир Путин, наводно, бил во шок кога открил дека неговата љубовница повторно е бремена, пренесуваат медиумите од Москва. Русиот лидер кој во октомври ќе наполни 70 години, наводно, веќе има два сина со поранешната олимписка ритмичка гимнастичарка Алина Кабаева (38).

Со оглед на ситуацијата во Украина и големата организација на воената парада во Москва, извори тврдат дека тој не сакал повеќе деца. Наводно бил тажен и повлечен откако бил известен дека Кабаева е бремена и дека очекува дете. Изворите тврдат дека претседателот бил лут кога одекнала веста како бомба, бидејќи ќе ја засени воената парада на победата на Црвениот плоштад.

Информацијата за наводната бременост на поранешната олимписка гимнастичарка прв ја објавил рускиот информативен канал Телеграм и таа сé уште не е потврдена. Владимир Путин, инаку, никогаш не ја признал врската со Кабаева, за која претходно било кажано дека се крие со децата во Швајцарија. Локални весници објавиле дека таа таму добила син во 2015 година, а вториот го добила во Москва во 2019 година.

12 години се зборува дека таа му е љубовница на Владимир Путин: По 2 години првпат се појавила СЕГА! Еве како изгледа!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.