По објавувањето на ТЕШКАТА БОЛЕСТ, се појавија нови фотографии од Брус Вилис: Фановите на РАБОТ НА СОЛЗИ, не очекуваа дека на ваков начин ќе се простат од неговата глума

Фото: Getty Images

Беше шокантно да се слушне Брус Вилис како го најавува своето пензионирање, но не беше изненадување за оние кои работат со легендата на акционите филмови. Имено, откако му била дијагностицирана афазија, тој одлучил да се повлече од филмското платно, а неодамнешните фотографии на кои си игра со ќерката разнежнија многумина, доведувајќи ги до солзи.

Изгледа дека Брус Вилис е добро расположен во видеото објавено во саботата на Инстаграм од страна на неговата сопруга Ема Хеминг, на кое се гледа како 67-годишниот актер се држи за рака со својата ќерка Евелин (8), додека таа вежба возење ролери во нивната гаража. 

Supruga Brusa Vilisa podelila fotografiju na kojoj se slavni glumac igra sa ćerkomВо смотивното видео објавено на Инстаграм, Евелин – која го прослави својот осми роденден во четвртокот – се обидува да ја одржува рамнотежата додека нејзиниот татко ја чува.

Brus Vilis sa ćerkomЛегендата на филмот Умри машки, на која хуморот не ѝ е непознат, одлучи да танцува додека цврсто ја држи својата малечка за раката. И покрај неговата неодамна дијагностицирана болест, таткото на пет деца во видеото се чини дека е во форма, исто како што го паметиме од екранот.

Ема, сопругата на Брус Вилис, често ги споделува нивните семејни моменти, што на фановите им дава одредено чувство на смиреност, но им буди и нежни и трогателни чувства, бидејќи не очекуваа на овој начин да се збогуваат со глумата на својот идол.

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.