Природни маски против стареење

Најдобар начин за подмладување на кожата е со помош на природата!

Секој сака беспрекорна кожа без брчки, а најдобриот начин за нега на кожата се природните маски против стареење.

Иако препаратите полни со хемикалии можат да дадат резултат, на долг рок, на овој начин ја оштетуваме нашата кожа. Затоа, секогаш е подобро да се свртиме кон природата. Ви претставуваме неколку природни маски кои ги намалуваат брчките, го хидрираат лицето и ја прават кожата поеластична и сјајна.

Природни маски против стареење

Маска со куркума и урда

Куркумата има силна моќ на заздравување, а урдата содржи млечна киселина, затоа оваа комбинација е идеална за третман против стареење од кој било тип на кожа.

Измешајте лажица урда со нотка на куркума и нанесете ја на лицето со нежни движења. Оставете да делува 10 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Маска од путер, овесна каша и масло

Оваа маска длабоко го чисти лицето, а истовремено ја храни и затегнува кожата.

Измешајте половина чаша путер со две лажици овесна каша и загревајте додека овесот не омекне. Потоа додадете две лажици маслиново или бадемово масло. Нанесете на лицето и оставете да делува 20 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.

Маска со мед и какао

Ако имате зрела кожа, оваа маска е за вас. Медот ја смирува кожата и покрај какаото и ги обезбедува сите потребни хранливи материи.

Измешајте лажица мед со две лажици топло млеко и додадете лажица какао. Добро промешајте и нанесете на лицето. Оставете да делува 15-20 минути, а потоа исплакнете.

Маска од краставица и алое вера

Измешајте две лажици урда и неколку капки лимон. Промешајте и додадете гел од алое вера. Потопете парчиња свежа краставица во смесата и нанесете на лицето. Оставете да делува 20 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.

Прочитајте и: 5 начини да се збогуваме со акните ова лето

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.