По 35 години брак, сопругот ѝ кажал дека е премногу стара за него: Добил неверојатен одговор од сопругата!

Анегдота

Мудар одговор

Брачниот живот што трае повеќе децении е тема на многу анегдоти и иронични приказни. Еве една од нив…

Еден маж ѝ кажал на својата сопруга, со која живеел 35 години, дека е премногу стара. И добил одличен одговор!

Тој си дозволил себеси да ѝ го упати следниов коментар на својата сопруга:

„Драга, пред 35 години имавме мал стан, стар автомобил, еден кауч, стар телевизор, но спиев со прекрасна 25-годишна русокоса. Денес, имаме куќа од 500.000 евра, Мерцедес од 45.000 евра, брачен кревет, телевизор со рамен екран во боја од 50 инчи… Но спијам со 60-годишна жена…“

Комплимент по комплимент…

На оваа забелешка, сопругата мирно одговорила:

„Сѐ е во ред. Те разбирам. Најди убава 25-годишна русокоса, а јас ќе се погрижам да бидеш со неа во мал стан, со стар автомобил и да спиете на кауч пред црно-бел телевизор!“

Мајка му го прашала дали му пречи неуредноста на неговата сопруга, а неговиот одговор ќе ве воодушеви!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.