Мајка му го прашала дали му пречи неуредноста на неговата сопруга, а неговиот одговор ќе ве воодушеви!

Му објаснил на целиот свет!

Мајката го прашала синот дали му пречи тоа што неговата сопруга е неуредна – погледнете што одговорил тој

Понекогаш мајките сакаат да им се мешаат во бракот на нивните синови. Но еден маж застанал во одбрана на неуредноста на неговата сопруга. Неговиот одговор ќе ве воодушеви!

И самите веројатно знаете колку е тешко да се одржува домот совршено чист, покрај сите обврски што ги имате, особено ако и децата се тука. Меѓутоа, совршено средениот дом не е гаранција за среќен брак, порачува еден маж, Клинт Едвардс, кој го води блогот No Idea What I’m Doing: A Daddy Blog (Немам поим што правам: Блогот на тато).

Имено, кога мајка му во телефонски разговор го прашала дали му пречи тоа што неговата сопруга Мел, со која има три деца, не ја одржува нивната куќа уредна, Клинт на почетокот не знаел што да ѝ одговори. Тој знаел дека мајка му немала намера да биде злобна кон Мел, туку дека е само љубопитна, па по кратко размислување, ѝ одговорил на мајка му, а потоа својот став го споделил и на Фејсбук.

Клинт ѝ објаснил на мајка му, но и на целиот свет, дека чистењето на домот не е работа на неговата сопруга.

„Нашиот брак го гледам како партнерство и чистењето треба да биде еднакво моја одговорност како и нејзина. Признавам, често сме затрупани со детски играчки, има неизмиени садови во мијалникот и недовршени уметнички проекти насекаде. Исто така, признавам дека не е толку чисто колку кај мајка ми, но тоа не ме мачи“, пишува Клинт.


Клинт знае дека загриженоста на мајка му произлегува од големите очекувања својствени за нејзината генерација, но и тврди дека тоа никогаш не би било на неговата листа на пожелни особини кај жената со која би се венчал.

„Не сум размислувал за тоа дали мојата сопруга ќе чисти. Размислував за тоа дали ќе ми се допадне тоа што таа има да го каже. Размислував за тоа како ќе се чувствувам покрај неа. Размислував за тоа дали ќе се смее многу. Тоа ми се допаѓа. Да биде мила и внимателна и да биде личност со која со задоволство би имал деца.“

Неговиот одговор ги воодушевил корисниците на Фејсбук, кои го наградиле со илјадници лајкови, особено делот што се однесува на конечниот одговор што го дал на мајка му:

„Не стапив во овој брак поради чиста куќа. Се венчав бидејќи таа ми се чинеше како некоја со која можам да го поминам животот.“

Мајка му одговорила дека тоа веројатно е поважно од чиста куќа.

„Да, и јас мислам така“, заклучил Клинт.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.