Го пишувала неговото име со крв: Зошто пропаднал бракот на Анџелина Џоли и првиот сопруг кому му се врати по 24 години?

Не траела долго големата љубов

Актерката признала дека во бракот се чувствувала изгубено

Американскиот актер Џони Ли Милер деновиве се најде во центарот на вниманието откако неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли беше видена како со шише скапо вино влегува во неговиот стан, каде што заедно ја поминале вечерта.

Имено, 48-годишниот актер беше фотографиран ден потоа во лежерно издание, но со уморно лице, па многумина заклучија дека имал бессона ноќ, особено откако Анџелина беше видена како му доаѓа во посета. Тоа беше доволно за да почнат озборувањата за обновената романса помеѓу поранешните сопружници, кои беа во брак од 1996 до 1999 година.

За тоа дека нешто сериозно се случува сведочи и фактот што по самостојната посета на Џони, Анџелина со себе го понела и синот Пакс, за да се запознаат.

Поранешните сопружници се запознале на снимањето на филмот „Хакери“ во 1995 година и набрзо се вљубиле, а Анџелина во тоа време имала само 20 години.

Нивната венчавка важи за една од најнеобичните во холивудската историја, бидејќи актерката наместо во венчаница се појавила облечена во кожени панталони и бела маица, на која било испишано името на Џони со нејзиното сопствена крв.

Објаснила дека тоа требало да ја претставува нејзината подготвеност да се жртвува за љубовта и дека сама си извадила крв со хируршка игла.

„Тоа вашиот сопруг, односно човекот за кого наскоро ќе се омажите. Можете малку да се жртвувате за него за да го направите сето тоа посебно“, изјавила таа за „Њујорк Тајмс“.

Но по венчавката, набрзо признала дека чувствувала како да го изгубила својот идентитет.

„Беше чудно тоа што веднаш се венчавме, некако го изгубив идентитетот. Одеднаш станав нечија жена, како да изгубив половина од себе“, објаснила тогаш Анџелина.

Двојката се разделила во 1997 година, наводно поради презафатениот работен распоред, а во 1999 година и официјално завршиле со разводот, но останале во пријателски односи.

Анџелина никогаш не криела дека ѝ е жал што не успеале да го спасат бракот.

„Јас и Џони никогаш не се скаравме и никогаш не се повредивме меѓусебно. Навистина сакав да бидам негова сопруга, навистина сакав да му се посветам“, изјавила таа.

Анџелина Џоли му се врати на Џони – Првата љубов не се заборава!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.