Ова е тајната на младешкиот изглед на популарната Ева Мендез

Дури и во петата деценија

Латино-дивата Ева Мендез (46) сè уште изгледа како 20-годишна девојка, иако е во петата деценија од животот. Покрај редовните козметички третмани, популарната актеркс применува мошне едноставна рутина за нега на лицето во домашни услови.

 

Имено, таа сега откри дека се придржува до неколку трикови за беспрекорен тен, а освен тоа речиси и нема брчки на лицето.

За да ја задржи нејзината кожа длабоко хидрирана, Ева користи кокосово масло. Ова масло ја хидрира кожата, влијае на нејзината блескавост и еластичност, и затоа актерката се определува за чисто кокосово масло, како и на производи врз основа на маслото. Хидратацијата е првиот чекор во борбата против брчките.

Хидратацијата, однадвор и однатре, е многу важна, па затоа се обидувам да пијам што е можно повеќе течности во текот на денот“, изјави Ева за „Глам Велика Британија“.

Исто така, Мендез во интервјуто рече дека е важно за неа да го започне денот свежа, за да не трпи тешки и мрсни производи на лицето. Таа ја започнува својата утринска рутина со мицеларна вода, додека со детална грижа се занимава главно во вечерните часови, пред спиење.

Кога станува збор за нега на кожата, го користам тоа што ќе го најдам во моето орманче“, откри таа, додавајќи: „Сакам да користам морска сол за пилинг, да ги отстранам мртвите клетки и да ѝ дозволам на кожата да дише. И кога сум многу уморна и отечена наутро, го масирам лицето со коцки мраз. Тоа е многу ефикасно. Тој трик го научив од мојот уметник за шминка. Кога лицето е преоптоварено со куп производи, кожата многу често реагира лошо. Тајната на совршената кожа е во умереноста. Од производите, користам ретинол за пределот околу очите, благ тоник за чистење на лицето и серум, со ефект против стареење, во согласност со мојата возраст“, изјави актерката.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.