Затегната е како пушка, и тоа благодарение на оваа напивка: Еве што консумира Емина, а има и посебна техника на туширање (ФОТО)

Тајната на витата става

Фото: Андреја Дамјановиќ

Секојдневието на Емина Јаховиќ во голема мера е заслужно за тоа што лицето ѝ блеска, а на телото нема ни трошка сало. Таа со своите фанови ја сподели тајната на својот добар изглед, а ние ви ја пренесуваме во целост.

Почнете го денот со еден шумлив витамин Ц. По 20 минути до половина час, испијте свежо исцеден сок од целер со еден лимон, половина лажичка органска куркума во прав, половина лажичка органски ѓумбир во прав и една лажичка афион во прав – напиша Емина и додаде:
Ставете малку свежо мелен црн пипер, лута мелена пиперка и малку хималајска сол за да го активирате и подобрите ефектот на напивката. Сето тоа измешајте го и испијте го. Доколку немате сок од целер, почнете го денот со млака вода и неколку капки лимон, а можете да ги ставите и гореспоменатите зачини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

По 20 минути, можете да појадувате или да го испиете омиленото кафе, но без шеќер и без млеко. Обидете се да не пиете кафе со млеко. Ако можете, целосно избегнувајте ја таа комбинација. Не заборавајте да се движите.

Секој втор ден се претпочита да вежбате со тегови или да вежбате со вашата телесна тежина со целно истегнување на мускулите. Кардиоваскуларниот тренинг е задолжителен, а потоа најмалку 20 минути на велосипед, лента за трчање…

Во деновите кога не вежбате во теретана, обидете се да одите на 60-минутна прошетка, по можност брза или на 30-40 минути трчање, пливање или веслање на машина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Туширајте се нормално, а потоа мора да се туширате со ладна вода минута или две над главата и целото тело. Практикувајте ја оваа навика по секое туширање. Ладната вода го активира телото, им помага на нервните клетки да се обноват, ја стимулира циркулацијата на телото до тој степен што косата станува посилна и посјајна, а кожата позатегната и поубава.

Туширањето со ладна вода на крајот од секое бањање, дури и навечер, е најубавото нешто што го открив и го практикувам во последната година.

Доколку имате сауна и парна бања, задолжително практикувајте ваков тип детоксикација и потење за да ги исфрлите токсините од телото. Доколку немате сауна, поминете 20 минути во када со најтопла можна вода во која сте додале малку солена купка. Солта има неверојатни ефекти врз телото, особено во чистењето на лошата енергија што ја собирате во текот на денот. И секако, потоа задолжително туширање со што помалку топла вода.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

И уште еден трик. Ако немате пристап до сауна или када, облечете се и затоплете се што е можно повеќе, влезете во автомобилот, вклучете го греењето до максимум и останете таму 15-20 минути за да се испотите, ги советува популарната пејачка своите следбеници на Инстаграм.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.