Кое бјути прашање беше најгуглано во 2018?

На ова бјути - прашање сигурно и вие одговорот го баравте на Гугл

Google деновиве ги објави и “најгугланите“ бјути-поими за 2018-та година, и можеме да кажеме дека не сме премногу изненадени.  Меѓу топ десет прашања на Гугл биле и “кој коректор е најдобар“, “како да се поправи пудрата со ефект на маска“, “како да се направи мачкести туш“, “што е тоа lash-lift„.

Но, број 1 бјути – прашање кое најчесто се повторувало на Гугл во 2018-та година било “Како се нанесуваат магнетни трепки“?

И премногу не бевме изненадени затоа што минатогодишен тренд во светот дефинитивно беше новата генерација на вештачки трепки, идеални за оние кои не беа талентирани за поставување на класичните.  Магнетните трепки всушност се оние кои се нанесуваа во два слоја, како сендвич меѓу кои се вашите природни трепки, и кои се лепат една за друга како магнет (затоа што тие се и стварно магнетни)

Безболни се за нанесување, релативно едноставни, но треба да се навикнете на нив бидејќи се “ново тело“ на трепките, ама засега се најбрз начин да добиете ефектни холивудски очи кои на Гугл очигледно се сеуште популарни.

Погледнете го видеото каде се тестираат новите генерации на магнетни трепки.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.