DASH диета, здраво решение за вишокот на килограми добиени за време на празниците

Празниците се зад нас но, тешката храна остави последици кои не иритираат, а против кои многу тешко се бориме. Меѓутоа, постои начин здраво и ефикасно да се ослободиме од вишокот на килограми. Решението е DASH диетата (Dietary Approaches to Stop Hypertension) кои докторите ја смислиле како средство за борба против високиот крвен притисок.

Менито за седумдневната ДАШ диета изгледа вака.

Понеделник:

 

Појадок: 100 грама каша со соино млеко, 75 грама боровница и чаша цеден сок од портокал.

Ужина: Една јаболка и шолја грчки јогурт.

Ручек: Една чинија супа со зеленчук, сендвич од 80 грама туна, 100 грама зелена салата, лажичка лајт мајонез и две кришки интегрален леб.

Ужина: Банана

Вечера: 100g варени пилешки гради, 100 г варена брокула, 100 грама сиров морков и 200 грама варен интегрален ориз.

 

Вторник:

Појадок: Две кришки интегрален леб, голема лажица мармалад по избор, една јаболка и чаша сок од цеден портокал.

Ужина: Банана

Ручек: 100 г пилешки стек на скара, 150 г зелена салата, 200г варен интегрален ориз и 50 грама тврдо сирење

Ужина: Праска или шолја грчки јогурт

Вечера: 100g варен лосос, 300 грама варен компир и 225 грама варен зеленчук по ваша желба

Среда:

Појадок: 100 грама овесна каша со шолја млеко, 75 грама (малини, капини, боровници, рибизли..) по ваш избор

Ужина: Портокал.

Ручек: Две кришки интегрален леб, 100 грама пилешки стек или мисирка на скара, 100 грама зелена салата, 50 г тврдо сирење и 50грама домат.

Ужина: 4 интегрални крекери, 50г сирење и 100 грама ананас

Вечера: 200 г филе од ослиќ, 200 г компир, 75 г варена брокула и 75 г грашок.

Четврток:

Појадок: 100 грама овесна каша со шолја млеко, 75 грама (малини, капини, боровници, рибизли..) по ваш избор и чаша свежо цеден сок од портокал

Ужина: Банана

Ручек: Салата направена од 150 грама туна на скара, варено јајце, зелена салата, 50 грама чери и две лажички дресинг по ваш избор. Две парчиња интегрален леб.

Ужина: Круша и шолја грчки јогурт

Вечера: 100 грама пилешки стек на скара, 150 грама мешан варен зеленчук и 200 грама варен интегрален ориз

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.