Четири брзи, ефективни и природни методи за справување со акните

Фото: Getty Images

Иако со акните не треба да се шегувате и тие треба да се третираат внатре и надвор, а процесот не е краткотраен, едноставно има некои денови кога очајно треба да имаме чиста кожа, веднаш.

Без разлика дали се подготвувате за некоја голема средба, снимање, свадба или нешто друго, можно е стресот да си ја заврши работата и да предизвика акни на лицето. Иако ништо не може да помогне во рок од еден ден, постојат методи што можете да ги користите за да го забрзате процесот и да ги прикриете акните што избувнале. Не користете ги овие методи постојано и не на целото лице за да не го дехидрирате и да создадете уште поголем проблем. Ви носиме четири природни и брзи методи за лекување на акни:

Масло од чајно дрво

Маслото од чајно дрво е многу добро познато како она што се бори против бактериите и ги намалува воспалителните процеси на кожата. Една студија докажа дека пет проценти гел за масло од чајно дрво е всушност пет пати поефикасен во борбата против акните и исто толку ефикасен како и пет проценти бензоил пероксид што се користи во лекувањето на акните. Сепак, маслото од чајно дрво може да предизвика сува кожа, иритација и изгореници доколку се нанесе директно на кожата, поради што треба да се постапува многу внимателно.

Како да го користите?

Во зависност од количината што ќе ја користите – ставете 1/10 од чисто масло од чајно дрво и остатокот разредете го со вода. Потопете памук во течноста и нанесете директно на мозолчето. После тоа, не заборавајте да нанесете крема за лице за хидратација и повторете ја постапката максимум двапати на ден.

Прочитајте и: Идеален тен: 3 бесплатни работи што светските ѕвезди ги користат за блескава кожа

Есенцијални масла

Покрај чајното дрво, има многу други масла кои совршено и брзо ги решаваат воспалителните процеси на кожата – масло од цимет, роза, лаванда и каранфилче. И рузмаринот и лимоновата трева исто така можат да помогнат. Сепак, некои од најефикасните масла, според истражувањето, се каранфилче и масло од босилек, кои помагаат побрзо од бензоил пероксид. И нив, исто така, треба да ги разредувате со вода.

Како да ги користите?

Во зависност од количината што ќе ја користите – ставете 1/10 од чистото масло што ќе го изберете и остатокот разредете го со вода. Потопете памук во течноста и нанесете директно на мозолчето. После тоа, не заборавајте да нанесете крема за лице за хидратација и повторете ја постапката максимум двапати на ден.

Остатокот од текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.