Како да ја вратите самодовербата и да се чувствувате корисно ако сте ја изгубиле работата?

Корисни совети

Ако сте едни од оние луѓе кои ја изгубиле работата за време на пандемијата на коронавирусот и изолацијата во којашто се наоѓаме изминативе неколку месеци и во моментов се борите да го издржите овој период додека истовремено се чувствувате инфериорни, не грижете се, постои решение.

Нормално е многу луѓе да се грижат толку многу за работата што губат дел од себе и својот идентитет со губење на работа затоа што дури и како деца дознаваме дека нашата вредност ја дефинираат нашите достигнувања, изглед, перформанси. Откако ќе го добиеме признанието што го бараме, се чувствуваме корисно и успешно, но ако не го добиеме, паѓаме во лошо расположение, депресија, имаме се повеќе комплекси и едноставно не се чувствуваме добро. Но, работејќи на себеси и менувајќи ги наративите на однесување што сме ги научиле и во кои одобрувањата на другите нè дефинираат како индивидуи, можеме да постигнеме подобар резултат и да го најдеме тоа одобрување во себе.

Најдете ја вашата внатрешна вредност

Помислете на пријателите што навистина ги цените. Што најмногу цените за нив? Нивниот успех, изглед, автомобил, куќа или нивна чесност, поддршка, ранливост, живост, смисла за хумор и присуство? Начинот на кој ве слушаат и како никогаш не ви недостигаат теми за разговор, креативност и духовна поврзаност? Веруваме дека ги цениме сите овие други, внатрешни, наместо надворешни карактеристики и тоа е токму начинот на кој треба да започнете да гледате на себе.

Можеме да ја изгубиме надворешноста, но не ги губиме нашите внатрешни квалитети на кои работевме и сè уште работиме. Можеби ќе ја изгубиме работата, пари, изглед или атлетска способност, но сè уште не губиме какви сме вистински – нашата душа. Постојат ситуации во кои можеме да започнеме да губиме допир со самите себе, но во тој период е време да се поврземе со внатрешното себе.

Обновувајќи се

Сите ние имаме своевиден печат на нашите души што носи одредена корист за светот во кој живееме. Ако досега не сте биле задоволни од вашата работа и видите дека ве задушува, зошто да не размислите што е тоа што навистина сакате да го направите? Како сакате да придонесете? Време е навистина да се преиспитате, да започнете да ги слушате вашите чувства исто како што би ги слушале вашите пријатели. Тие најдобро ќе ви кажат дали сте на вистинскиот пат. Ако она што го правите и начинот на кој го поминувате времето не е забавно и исполнето, истражете што друго сакате.

Нашите души се всушност големи енергии од кои дел се наоѓаат во нас, а дел околу нас. Тој дел во нас комуницира преку чувства, додека надворешниот дел работи преку мисли што минуваат низ главата. Слушајте се себе си и бидете пријател со себе затоа што тоа е она што ќе ве надогради и ве прави среќни. Сите сме на оваа планета да ја подобриме нашата способност за љубов, започнувајќи од самите себеси и потоа да ја дефинираме сопствената вистина.

Прочитајте и: За да бидете задоволни од животот треба да се откажете од овие навики!

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.