Постои начин како да спречите вашата кожа да стане зависна од дезодоранс

Направете пауза

Бидејќи повеќе или помалку сите сѐ уште се претежно дома заради пандемијата на коронавирусот, ние сме во контакт најмногу со луѓето со кои живееме и сега е најдобро време да му се даде на организмот пауза од антиперспиранти применети под пазувите и штетните материи што ги содржат.

„Антиперспирантите првенствено работат со блокирање на секрецијата на пот со затнување на каналите. Поради намаленото лачење на пот, се создаваат помалку бактерии, а колку помалку бактерии, толку е помалку непријатен мирисот“, објасни д-р Маја Чековиќ.

„И покрај вообичаеното верување дека запирањето на употребата на антиперспиранти ќе ги „исчисти“ пазувите, единствените органи за детоксикација се црниот дроб и бубрезите“, рече дерматологот Џошуа Зејхнер.

Но, кога по некое време антиперспирантите престануваат да се користат, како што вели д-р Зејхнер, природниот микробиом на кожата може да се врати. Запирање на употреба на антиперспиранти ќе помогне да се врати природниот микробиом на кожата, но тогаш, се разбира, ќе се врати непријатниот мирис.

„Ако користите дезодоранс без алуминиум и одлучите да ја одморите кожата од него, ќе продолжите да се потите, а бактериите што се формираат со потта може да имаат уште понепријатен мирис“, изјави дерматологот д-р Ширли Чи, која вели дека дезодорансите само „покриваат“ непријатни мириси со својот мирис, а со неа се согласува ид-р Чековиќ која вели:

„Ако забележавте дека дезодорансот што долго време го користите не работи добро како порано, вашето тело е веројатно навикнато на неговиот состав и време е да го смените типот на дезодоранс.

Кога станува збор за дезодоранси и антиперспиранти, како што забележа д-р Чековиќ, во последните неколку години многу жени се загрижени за нивната штетност.

„Иако често може да се слушне за штетните и канцерогени ефекти на дезодоранси и антиперспиранти засновани на соли на алуминиум, а некои сметаат дека таков производ може да влијае на развојот на карцином на дојка, ваквите тврдења ниту биле докажани ниту побиени“, рече таа.

Некои студии ја потврдуваат тезата за канцерогеноста, но други ја побиваат, така што сè уште нема соодветни докази за тоа, како што објаснува д-р Чековиќ.

Прочитајте и: Водич за избор на најдобриот дезодоранс

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.