Златокоса (34) од Украина не се потстрижала 30 години: Вака ја негува косата долга 180 сантиметри!

Верувале или не

Алена од Украина сите ја викаат Златокоса поради нејзината прекрасна долга и густа коса

За да имате долга и здрава коса, треба да ги поседувате овие два фактора: трпение да ја оставите косата да расте и добра генетика.

Една од тие среќнички е Алена Кравченко (34) од Одеса. Откако нејзината фотографија со коса долга 180 сантиметри станала планетарно популарна, го добила прекарот Златокоса.

https://www.instagram.com/p/B4J6_6mhIHK/?utm_source=ig_embed

Алена последен пат се потстрижала кога имала 5 години, а нејзината мајка ја поддржала во желбата да има долга коса. Девојката признава дека мајка и’ и’ ја пренела љубовта кон долгата коса.

https://www.instagram.com/p/B4rrnMZhKcv/?utm_source=ig_embed

Златокоса од Украина веќе 30 години не им се ни приближува на ножиците, а и покрај фактот што нејзината коса е подолга од 180 сантиметри, таа не размислува за промена на фризурата.

https://www.instagram.com/p/BwbxWwhIXUR/?utm_source=ig_embed

„Мојата љубов кон плетенките е толку силна што никогаш не сум ни размислувала за тоа да ја потстрижам косата. Не можам ни да се замислам себеси со кратка коса или со некоја друга боја“, изјавила оваа девојка.

https://www.instagram.com/p/B7kuueBhAi3/?utm_source=ig_embed

Иако негувањето олку долга коса изискува и време и пари, Алена тврди дека тоа не и’ е тешко со оглед на тоа што навистина ја сака својата коса.

„Не ми е тешко да ја негувам косата. Сето тоа ме радува, бидејќи мојата коса е дел од мене, мојата убавина и богатство“, смета Алена.

https://www.instagram.com/p/B8I5I03haC6/?utm_source=ig_embed

Украинката тврди дека не штеди на препарати за нега на коса, но и дека никогаш не ја суши косата со фен, секогаш ја суши по природен пат, бидејќи знае дека фенот ќе ја оштети.

„Основното нешто што секогаш го правам е: да не ја сушам косата со фен, не користам пегла и фигаро, не ја чешлам косата кога е мокра… Ја оставам природно да се исуши. Ја мијам косата еднаш неделно, користам маски и природни масла за нега на коса. Основната нега е професионална козметика, но често користам и народни препарати. Сакам да јадам јаткасти плодови, сушено овошје и домашно сирење.“

https://www.instagram.com/p/B7qAOxMhbcO/?utm_source=ig_embed

Според Алена, за да имате долга и здрава коса, потребно е многу да го сакате тоа, бидејќи секој труд вродува со плод, кога-тогаш.

Ја завиткала косата со фолија и се разбудила со совршени кадрици! Пробајте го овој едноставен трик што ќе ве воодушеви!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.