Освежете го домашното мени: Сусам салата

Вкусно и лесно

Ако класичните салати ви се здодевни или едноставно сакате да внесувате новитети во кујната – испробјате го овој рецепт.

Состојки за 12 лица:

  • 400 гр масно кравјо сирење
  • 500 гр полномасен грчки јогурт или павлака
  • 175 гр печен сусам
  • 8 тврдо варени јајца
  • 300 гр кисели краставички
  • 300 гр суво месо по ваш избор
  • 250 гр конзервирана пченка
  • сол и бибер по вкус

Прочитајте и: Вкусни кифлички со безброј филови: Универзално тесто што расте како лудо!

 

Приготвување:

Сварените јајца излупете ги и исецкајте ги на мали коцки. Оставете неколку жолчки за украсување. Киселите краставички исцедете ги од вишок течност и исецкајте ги на мали коцки. Сувото месо исецкајте го на мали коцки (предлог: пушени пилешки гради). Исцедете ја пченката, исплакнете ја со студена вода и исушете ја со хартија. Сусамот испечете го во сува тава додека не стане светло кафен.

Во поголем сад ставете ги сирењето и павлаката и измешајте ги со миксер додека не се претворат во кремаста смеса. Додадете ги сите останати состојки освен варени јајца и комбинирајте ги со шпатула и на крај додајте ги исецканите варени јајца и нежно комбинирајте ги сите заедно.

Истурете во сад, гарнирајте со варени жолчки од јајца по избор, посипете со сусам и оставете го во фрижидер неколку часа. Служете добро разладено.

Пријатно јадење!

Специјалитет за паметење: Пригответе штрудла од мелено месо

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.