Воспитувачка засекогаш ја напуштила работата во градинка: „Не можам да гледам како родителите ги осудуваат децата на пропаст!“

Исповед

Кога ќе го прочитате ова, можеби другпат ќе размислите два пати пред да ја осудите или обвините воспитувачката на вашето дете

Да се биде воспитувачка можеби е една од најтешките работи на светот. Секој ден мораш да бидеш водич и воспитувач на децата, кои честопати не се однесуваат прифатливо. Но се чини дека денес е потешко од кога било претходно воспитувањето на најмалите.

Џесика Гентри, која со години работела како воспитувачка во градинка, а потоа одлучила да ја промени професијата, споделила со јавноста колку е стресен животот на една воспитувачка и кои се најголемите проблеми на современата едукација.

Ова се петте најсилни причини поради кои Џесика се откажала од работата како воспитувачка, иако тоа била работата што најмногу ја сакала!

1. „Денешните деца се поинакви“ – тоа е само изговор

Џесика верува дека проблемот не е кај децата, туку кај општеството и модерниот начин на воспитување. Децата се деца, тие се само недолжни жртви на тие промени. Денес родителите најголем дел од денот го минуваат на работа, секогаш се зафатени со телефоните или компјутерите, а тука е и големото влијание на социјалните мрежи. Ако родителот не поминува доволно време со своите деца, не може да ги дисциплинира како што треба и тие дури во градинка или на училиште за првпат го слушаат зборот „Не“.

Децата дома имаат изливи на бес затоа што се во својата безбедна зона, бидејќи чувствуваат дека нивните грешки ќе бидат третирани со нежност и дека родителите ќе ги научат како поубаво да се однесуваат и подобро да реагираат. Но ако родителите се отсутни или детето не се чувствува сигурно покрај нив, нема да биде чудно ако не одбираат ни место ни време за да врескаат, да фрлаат работи и да имаат лош однос со други деца.

2. Денешните деца не можат да научат како да се социјализираат

Верувале или не, многу луѓе цврсто веруваат дека ни требаат школи од 21 век, во кои децата од рана возраст ќе се сретнат со разни технологии и уреди. Џесика вели дека децата не можат да го разберат општествениот ред и да се однесуваат во согласност со него, бидејќи забораваат дека основната врска меѓу две човечки битија е вистинската комуникација, а сето тоа е последица на комуникацијата со уредите. Поранешната воспитувачка нагласува дека ситуацијата е се’ полоша и полоша.

3. На воспитувачите им требаат помалку инструкции, а повеќе време со децата

Џесика верува дека на воспитувачите им треба повеќе обука и тренинг за интеракција со децата, наместо задолжителното одење на курсеви за планирање и оценување на кои мораат да присуствуваат, а кои таа лично ги смета за бескорисни и верува дека тоа време би можела многу подобро да го искористи ако го помине со децата.

4. Усвоивме начин на размислување наречен „кориснички сервис“

Џесика вели дека денешните родители одбиваат да прифатат одговорност за сопствените постапки. Наместо да му посветат време на детето, тие многу често го поминуваат читајќи за родителство на интернет и разменувајќи мислења со други родители. Тоа е сосема во ред, но правете го тоа додека детето е во градинка или додека спие.

Воспитувачката смета дека родителите и воспитувачите мора да бидат партнери во процесот на образование и воспитување на детето. Но реалноста честопати е поинаква. Родителите доаѓаат и и’ викаат на воспитувачката, убедени дека таа никогаш не би требало да му каже „не“ на нивното дете.

5. Најмногу страда менталното здравје на воспитувачот

И покрај големата љубов кон децата, Џесика морала да се откаже од оваа работа најмногу затоа што е сигурна дека на децата им треба и заслужуваат многу повеќе од она што го добиваат, а таа не може тука ништо да направи. Била на безброј состаноци со родителите, ги молела за поголема поддршка и соработка, но се’ било залудно.

„Кога сакате деца и страсно ја вршите својата работа, ваквите резултати целосно ве уништуваат“, рекла поранешната воспитувачка.

Таа не можела повеќе да гледа деца што доаѓаат во валкана облека, кои живеат во хаос дома, знаејќи дека им треба многу повеќе од она што таа може да им го даде, со се’ помалку поддршка од страна на родителите и општеството.

Какви се вашите искуства? Каков однос имате или сте имале во минатото со воспитувачите на вашите деца?

Прочитајте и зошто не треба да му давате телефон на вашето дете пред да наполни 10 години!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.