За совршени кадрици: Често потстрижување и минимална термичка изложеност

На витканата коса ѝ треба повеќе грижа и внимание со цел кадриците да бидат лесни и сјајни, а формулите наменети за многу сув тип на коса се покажаа како најдобри …

– Кадравата коса бара постојана хидратација, тоа е половина од грижата за овој тип на коса, а важен е и видот на сушење на косата, што исто така може да биде штетно – објасни ирскиот фризер Дилан Бредшо.

Нагласува формули за сува коса, кои ја хидрираат од корен до врв. Краевите често се сушат сами по себе, без оглед на видот на косата, затоа шишањето на секои неколку недели ќе ја освежи вашата фризура.

– Начинот на фенирање треба да биде бавен, постојано кружење над косата, со најмала топлина и сила, многу благ – советува експертот.

Иако косата полна со големи или мали кадрици изгледа луксузно, таа е всушност многу суптилна и кршлива, затоа сувите масла, кои ѝ даваат сјај и мекост, се одличен секојдневен начин за нега.

Прочитајте и: 8 причини зошто ви паѓа косата, колку се сериозни и што да правите

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.