Време е за раст: Дознајте како да ги искористите минатите лоши искуства за личен развој

Ве инспирираме

Секој може да поработи на оваа вештина!

Науката потврди: тешките времиња можат да бидат причина за промени и личен раст! Претворете ги предизвиците во можности и станете посилни, посреќни и поисполнети. Исто како што билките можат да пораснат од камен, така и ние можеме да ги надминеме пречките и да стигнеме до целта. Изворот на нашата сила се крие во единствената човечка особина што се нарекува трансформативна психолошка отпорност.

Станува збор за способност да се научи лекција од минатите лоши искуства и тоа да послужи како инспирација за личен развој. А најдоброто е тоа што секој може да поработи на оваа вештина, и тоа на овој начин:

1. УСВОЈТЕ НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ

Променете го вашиот поглед кон работите и начинот на размислување.

2. ПРАКТИКУВАЈТЕ ЕМОЦИОНАЛНА ХИГИЕНА

Обидете се да наоѓате креативни решенија и не дозволувајте да ве совладаат негативните мисли.

3. ПРОДОЛЖЕТЕ ПОНАТАМУ

Ако чекате сè да се врати во нормала, треба да знаете дека тоа е невозможно, бидејќи животот тече понатаму и сè се менува. Невозможно е да останете исти по сите предизвици што се случија годинава. Прифатете ги промените и извлечете го максимумот од нив – така ќе се чувствувате многу подобро!

Подготвила: Марија Лукаревска

ФОТО: GETTY IMAGES

Оваа навика на успешните и стабилни луѓе може да го промени вашиот живот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.