Јагоди – бобинки полни со здравје

Неверојатни придобивки

Ако ги сакате, во прилог на тоа се овие 6 причини зошто треба да ги јадете што почесто.

Јагодите главно се состојат од вода и малку јаглени хидрати, а имаат и многу малку калории, па затоа се одличен избор за оние кои се борат со вишокот килограми. Тие имаат многу витамин Ц и се добри за зајакнување на имунитетниот систем, а содржат и многу антиоксиданти кои ги неутрализираат штетните ефекти на слободните радикали.

Освен што се одлично задоволство, јагодите се богати со многу хранливи состојки и го штитат здравјето на луѓето.

Тие го штитат здравјето на срцето

Бидејќи се богати со растителни влакна и витамин Ц, јагодите го намалуваат оксидативниот стрес во организмот и со тоа го намалуваат ризикот од разни срцеви заболувања и карцином. Покрај тоа, тие се одличен извор на калиум, кој е важен за здравјето на срцето. Бројни студии покажаа дека редовно јадење јагоди може да ги намали шансите за срцев удар.

Богати се со важни антиоксиданти

Јагодите се на списокот на врвни овошја кои се богати со антиоксиданси, и ова може да биде клучна причина зошто тие штитат од некои видови на рак. Имено, токму антиоксидансите се борат против слободните радикали кои предизвикуваат бројни здравствени проблеми.

Тие се добри за варење

Влакната се многу важни за добро функционирање на дигестивниот систем, а јагодите се одличен извор на влакна и позитивно влијаат на цревната флора. Покрај тоа, тие содржат големи количини на вода и калиум, така што можат да спречат надуеност и други проблеми со варењето на храната.

Тие го зајакнуваат имунитетот

Јагодите се одличен извор на витамин Ц, што е исклучително важен за нашиот имунолошки систем, особено во сезоните на разни вируси. Можете да ги ставите во јогурт, да ги јадете како закуска или да направите вкусна овошна салата од нив.

Тие помагаат при слабеење

Оваа бобинка има сладок вкус, така што може да ја задоволи желбата за слатко, а содржи многу малку калории. Затоа јагодите се одличен избор за сите оние кои се обидуваат да ослабат. Бидејќи не содржат многу протеини, добро е да ги комбинирате со храна што содржи, како што се јогурт или сирење.

Тие се добри и за кожата

Витаминот Ц го стимулира производството на колаген што е многу важно за еластичноста на кожата. Како што старееме, нивото на колаген опаѓа, така што консумирањето храна со витамин Ц станува уште поважно ако сакаме да одржуваме здрава и младешка кожа.

Прочитајте и: Суво овошје и јаткасти плодови – време е за здрави закуски

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.