Вечен тренд: Сјај во косата

Нашите експерти ве советуваат како да ја заштитите косата и да обликувате фризура, без разлика на нејзината „комплицираност“.

Права коса

1 Подготовка На косата нанесете мало количество серум или гел за исправување. Препаратот втријте го во малку засушена коса, а потоа исчешлајте ја. Ако имате тенко влакно, употребувајте спреј наместо серум или гел.

2 Сушење Клучна работа за создавање сјај е примена на фен со додатокот што го стеснува млазот топол воздух и на тој начин го заштитува влакното. Навиткајте перче коса со тркалезна четка и насочете го топлиот воздух кон надолу.

3 Исправување Топлината што ја емитува керамичка преса ќе предизвика сјај на вашата коса. Прво на косата нанесете спреј за заштита од топлината, а потоа со пресата исправувајте помали перчиња.

Кадрава коса

1 „Туткање“ За сјај на овој тип коса потребно е да се спречи создавањето електрицитет и на изгледот „метла“. Нанесете мало количество крем за коса, кој ќе ѝ обезбеди влага. Втријте го во влажна коса.

2 Сушење На фенот поставете дифузер, наведнете ја главата настрана и сушете на највисока температура. Фенот држете го под косата, а нејзините краеви во рацете, и нежно кревајте ги за време на сушењето.

3 Обликување За поголемо прекршување на светлината, кутикулата на влакната затворете ја со фигаро. Секое перче испрскајте го со спреј за заштита од топлина и навиткајте го околу керамичка преса (фигаро).

Текст: Убавина и здравје

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.