Продолжете им го векот на омилените фармерки

Совети за правилно одржување

Како џинсот подолго да ви трае? Следете ги следниве совети за правилно одржување на материјалите од тексас.

Перење

Најдобро е да го перете на температура од 40 и 60 степени. Џинсот секогаш перете го одделно од преостанатата облека за да не пушти боја. Не користете варикина или други средства за белеење. Кога перете искинат џинс, намалете ја центрифугата.

Сушење

Најдобро е да се суши природно. Ако мора да користите машина за сушење алишта, наместете ја на најниска температура. Сушете го свртен наопаку. Фармерките закачете ги за појасот за да не ја загубат формата. Избегнувајте да ги сушите директно на сонце за да не избелат.

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ?

Ако ви изгледа дека фармерките многу се собрале при перењето во пределот на половината, малку развлечете ги додека се мокри.

Кога перете нови темни или индиго-фармерки, тие секогаш пуштаат малку боја.

Освежете ја бојата на постарите фармерки перејќи заедно со нови.

Ако фармерките ви се прешироки, не обидувајте се сами да ги стесните. Наместо тоа, прво исперете ги, а потоа однесете ги кај шивачка што ќе ви ги стесни по ваша мерка.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Guliver/Getty Images, Shutterstock, Pixabay, Instagram

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.